Зошто да се oпределите за греење на пелети и како да изберете котел?

Котлите на пелети се нашата иднина во поглед на греењето, особено што користат дрвена маса-најраспространета суровина како огрев на нашите простори. Со преработка на дрва се добива пелети кои не се штетни за животната средина, пресуван огревен материјал во форма на мали цилиндри со дијаметар од 6mm.

Котелот на пелети ви нуди далеку поголема удобност при греење, во споредба со класичните котли на цврсто гориво:

  1. Нема потреба за чување на залихи на пелети за цела сезона, туку купувате по потреба во секое време од годината
  2. Минимална количина на пепел. На потрошени 3 тони пелети А1 класа на квалитет, ви останува 30 килограми пепел, што е неверојатно помалку и затоа е полесно за складирање и чистење
  3. Далеку помал простор за складирање – ако сепак сакате да купите палети за целата грејна сезона, ќе ви биде потребна само 3.6m² површина за 3 тони пелети
  4. Исти трошок во експлоатацијата – на самиот почеток котелот на палети е поскап од класичниот котел, но со таа разлика во цената купувате неспоредливо поголем комфор
  5. Имате повеќе слободно време – со лесно полнење на котлите и едноставно програмирање и одржување, ќе имате многу помали обврски за греење

Висок степен на енергетска ефикасност

Котлитe на пелети се одликуваат со висок степен на искористување на енергија од 91%. За овие резултати се заслужни конструкционите решенија за котли, добро согорување и одлична изолација.

Во зависност од зададените параметри котлите функционираат целосно автоматски, што значи дека можете да програмирате 7-дневен режим на работа: кога да се запалат, кога да се изгасат и која температура да одржуваат во зададениот период.

Покрај вградената автоматика на котлите, можете да инсталирате и собен термостат кој дополнително го зголемува комфорот при експлоатација и штеди на потрошувачката на пелети.

Кој бренд на котли да го изберам?

Кога станува збор за правилен избор на котел важно е во предвид да се повеќе фактори бидејќи инвестицијата во систем за греење е сериозна одлука и оној продукт кој на прв поглед изгледа евтино подцна може да се покаже како лош и скап избор. Затоа важно е во предвид да се семат следните работи:

  • Квалитет на материјалите и издржливост
  • Достапност на сервис и резервни делови
  • Начин на одржување и чистење
  • Дополнителни технички можности како wifi контрола
  • големина на резервоар за пелети

Еден од производителите кој ние го препорачуваме е КЕПО.

Како правилно да изберам систем за греење на пелети?

Изборот на вистинското грејно тело зависи од повеќе фактори. Треба во предвид да се земе објектот каде истото ќе се монтира заедно со сите негови карактеристики. Потоа треба да се изготви пресметка и да се утврди колкава моќност би ги задоволила енергетските побарувања на самиот објект. Со оглед на тоа дека станува збор за важна инвестиција најдобро е проценката да ја направи инженер за греење и ладење кој преку земање во обзир на сите параметри ќе може да процени кои системи се потребни и како најефикасно да се постават со цел да се воспостави функционален и ефикасен систем.

Јоки ви нуди бесплатна консултација со нашите инженери кои ќе ви помогнат во изборот на ефикасно решение за греење и ладење.

Испрати барање или контактирај не.