Град Скопје – ЈАВЕН ПОВИК за инвертер клима уреди за 2023 година

  1. Опис на Јавниот повик

    • Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на град Скопје (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во 2023 година ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на уредот најмногу до 000,00 денари во нето износ по домаќинство. Данокот на личен доход ќе биде на товар на Град Скопје.
    • Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за 2023 година за оваа намена или заклучно со 01 Ноември 2023 година, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
    • Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.
    • Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.

 

2.    Право на учество на Јавниот повик:

  • Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на градот Скопје (во општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во период од 01.01.2023 година се до завршување на Јавниот повик и ќе поднесат барање за надоместување на трошоците.
  • На Јавниот повик имаат право на учество две или повеќе домаќинства кои живеат по лична карта на иста адреса, исклучиво со приложен доказ дека станува збор за одвоени домаќинства (сметки за различни броила за електрична енергија или со различен имотен лист).

Доколку немате избрано клима уред искористете некоја од акциските понуди на Јоки:
Airfel – акциска понуда
VIVAX – понуди

 

3.    Услови што треба да ги исполни барателот:

  • Барателот треба да ги исполни следните услови:
    • да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај), на адреса по лична карта каде користи печка/и и истата ќе ја замени со високоефикасен инвертер клима уред/и;
    • домаќинството да нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Градот Скопје;
    • да е корисник на печка/и на јаглен, дрва, нафта или мазут;

 

  • да ја предаде постојната печка/и на јаглен, дрва, нафта или мазут на Град Скопје или на службите на јавните претпријатија на Град Скопје, исклучиво по добивање известување за место и време на предавање на печката, по електронски пат од страна на Комисијата. Обврска на барателот е да ја предаде печката/ите за која доставил фотографија/ии на претходно користената печка/и во барањето, во спротивно нема да биде одобрено субвенционирање поради неисполнување на бараните услови;
  • набавениот/ите уред/и да биде купен во 2023 година, во период од 01.01.2023 година, се до завршување на Јавниот повик и истиот/те да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
  • набавениот/ите уред/и задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има најмалку COP 5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде/ат најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
  • Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок при што барањето може да опфаќа еден или повеќе уреди, но барателот мора да ги исполни условите од овој јавен повик за сите уреди, да предаде онолку печки колку што ќе набави уреди, а надоместокот за трошоците направени при набавката за сите уреди ќе биде најмногу до 20.000,00 денари во нето износ.
  • Повеќе домаќинства кои се водат на иста адреса задолжително да достават сметки од различни броила за електрична енергија или имотен лист како доказ дека се посебни одвоени домаќинства.

Сите информации се достапни на следниот ЛИНК