Политика на приватност на ЈОКИ ДООЕЛ  

Заштитата на приватноста и доверливоста на податоците на клиентите е од најголемо значење за Трговско друштво за производство трговија и услуги ЈОКИ ДООЕЛ Илинден (во натамошниот текст: Јоки ДООЕЛ), притоа земајќија предвид и природата на работењето на друштвото како и податоците коишто ние ги прибираме во тековното работење. 

Политика за приватност на Јоки ДООЕЛ има за цел да го објасни процесот на собирање, користење, обработка, откривање, заштита и уништување („животниот циклус“) на личните податоци коишто ги обработува. 

Секоја активност поврзана со личните податоци, Јоки ДООЕЛ ја спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти донесени врз основа на овој Закон, како правна рамка којашто ја имплементира општата Регулативата на Европската Унија за заштита на податоците (анг.: “EU General Data Protection Regulation (GDPR)”). 

За целите на заштита на личните податоци, Јоки ДООЕЛ има назначено Офицер за заштита на  личните податоци (чии контакт податоци може да се најдат подолу во оваа Политика), кого  субјектите можат да го контактираат за прашања поврзани со обработката на нивните лични  податоци и за остварувањето на нивните законски права. Дополнително, заштита на  приватноста и доверливоста на податоците на клиентите на Јоки ДООЕЛ е дел од Политиката  за приватност чиишто одредби се задолжителни за сите вработени лица во Јоки ДООЕЛ. 

1. УЛОГАТА НА ЈОКИ ДООЕЛ СПОРЕД ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Јоки ДООЕЛ согласно одредбите на Законот за заштита на личните податоци е Контролор, односно правно лице коешто ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци на субјектите на лични податоци. 

2. ОСНОВНИ НАЧЕЛА 

Како контролор, Јоки ДООЕЛ обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел  обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со следните начела: 

Законитост, правичност и транспарентност – личните податоци се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци; 

Ограничување на целите – личните податоци се собираат за конкретни, јасни и легитимни / со закон утврдени цели и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели; 

Минимален обем на податоци – личните податоци кои се обработуваат се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите отузаради кои се обрабваат. Ова начело е релевантно и во однос на пристапот до личните податоци кои се обработуваат; 

Точност – личните подaтоци се точни и, каде што е потребно, ажурирани, при што се преземаат сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни; 

Ограничување на рокот на чување – личните податоци се чувани во формат кој овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат

само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци; 

Интегритет и доверливост – личните податоци се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка како и нивно случајно уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки; и 

Начело на отчетност [accountability] – Јоки ДООЕЛ е одговорен за усогласеноста со горенаведените начела и може да ја демонстрира усогласеноста во секое време, особено по барање / контрола на внатрешните ревизори, Офицерот за заштита на личните податоци или пак Агенцијата за заштита на личните податоци. 

Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци. 

3. Категории на лични податоци коишто се обработуваат од страна на Јоки ДООЕЛ 

Јоки ДООЕЛ прибира, чува и обработува лични податоци што ги откриваат или веќе ги откриле на Јоки ДООЕЛ потенцијалните и / или постојни клиенти и генерално, лицата кои вршат деловни активности со Јоки ДООЕЛ. 

Примарен извор на лични податоци на Јоки ДООЕЛ се оние лични податоци кои субјектите самите ги имаат дадено на Јоки ДООЕЛ, при купување на нашите прозиводи во нашата  продавница. 

Напоменуваме дека Јоки ДООЕЛ обработува лични податоци единствено во обем којшто е неопходен за целите на обработката. 

Особено, Јоки ДООЕЛ може да врши обработка на следниве лични податоци: 

Личните податоци што ги доставуваат субјектите, како што се: податоци за идентификација (име и  презиме, меил адреса и град), како и матичен број адреса на живеење и број на лична карта во  случај при купување преку договор или фактура/профактура.  

При контактирање на Јоки ДООЕЛ преку контакт формата на нашите веб страни, како што се:  име, меил адреса, телефон и вашата порака. Јоки ДООЕЛ ќе ги обработи овие податоци само со  цел да ви одговори на вашето барање/порака/поплака.  

Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење,  државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил  адреса, телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е  исполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи и Законот за  евиденција во трудовата област. Податоци за вработените во Јоки ДООЕЛ поопширно се  објаснети во Анекс 2 на оваа Политика; 

Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење,  државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса,  телефонски број за контакт – Правен основ за обработување на овие податоци е исполнување на  законска обврска која произлегува од Законот за работни односи, Законот за практиканство,  Законот за волонтерство и Законот за евиденција во трудоавата област. Податоци за кандидатите  за вработување во Јоки ДООЕЛ се поопширно објаснети во Анекс 3 на оваа Политика; Користење на нашата веб страна (системски логови): времетраење на посетата, видот на уредот  што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем 

(OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте  ги користеле за пребарување на производи, географска локација, внатрешна резолуција на  прозорецот на пребарување, активирање на JavaScript, Java вклучено/исклучено, колачиња  вклучени/исклучени, длабочина на боја, Референтен URL, кликнувања – Правен основ за  обработување на овие податоци е Ваша согласност при посета на веб страната (прифаќање на  задолжителните колачиња). Личните податоци кои се собираат при користење на веб – страните  на Јоки ДООЕЛ поопширно се објаснети во Анекс 1 на оваа Политика 

Субјектите на лични податоци се обврзани веднаш да ја известат Јоки ДООЕЛ за каква било промена во горенаведените податоци. 

4. ЦЕЛИТЕ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Јоки ДООЕЛ ги обработува личните податоци на субјектите коишто се собираат при воспоставувањето / продолжувањето на деловниот однос со Јоки ДООЕЛ, за следните цели: 

A. Во контекст на извршување на договор или пред неговото потпишување, особено

1. да гo потврди идентитетот на клиентот; 

2. да оствари комуникација со клиентите при преземањето на преддоговорните дејствија или за прашања поврзани со деловниот однос со Јоки ДООЕЛ, вклучително и да преземедејствија за наплата на достасаните побарувања на Јоки ДООЕЛ; 3. да го подготви, склучи и да управува со Договорот склучен со Јоки ДООЕЛ и да преземе дејствијаза исполнувањето на обврските кон клиентите или добавувачите како и со цел  извршување, управување, следење и обработка на клиентските трансакции односно да  обезбеди ефикасно да го обезбеди бараниот продукт или услуга од Јоки ДООЕЛ и  подружниците на Јоки ДООЕЛ; 

4. да ја оцени соодветноста за понуда на услуга  

Б. Во контекст на законското и тековното работење на ЈОКИ ДООЕЛ и заштитата нанејзините права и законски интереси, особено

1. да ги развива и / или подобрува услугите и производите што ги нуди Јоки ДООЕЛ во однос на преференциите на клиентите; 

2. да одговори на Барања / Поплаки / Прашања од клиенти; 

3. да ги процени и да управува со ризиците во врска со работењето на Јоки ДООЕЛ; 4. да спречи извршување на кривични дела (пр. измами) и да идентификува и собира податоци за незаконски активности, за физичко обезбедување на лица и имот (вклучувајќи го и системот за видео надзор); 

5. да ги извршува своите правни побарувања пред судските органи или други тела за вонсудско / алтернативно решавање на спорови, 

6. да ги проценува и оптимизира безбедносните процедури, ИТ системите итн. Г. Врз основа на дадена согласност: 

1. за подобро разбирање на начинот на користење и интеракција со содржината на веб страницата на ЈОКИ ДООЕЛ, со користење “колачиња” (анг.: “cookies”); 

2. да ги подобри услугите што ги обезбедува преку веб-страница, за подобро

корисничкото искуство. 

3. Да врши директен маркетинг до субјектите кои сакаат да бидат известени за  промоции/попусти/новости поврзани со Јоки ДООЕЛ  

4. Да користи фотографија на вработен 

5. Да чува CV на кандидат за вработување подолго од 12 месеци  

Во однос на горенаведеното, напоменуваме дека согласност не е потребна во следниве случаи: • за извршување на договор склучен со Јоки ДООЕЛ или со цел преземање на  потребните активности во врска со Барањето што клиентот го поднел пред  пристапување кон договорот; 

• за исполнување на законска обврска на Јоки ДООЕЛ како контролор; 

• за заштита на суштинските интереси на клиентите или на друго лице; 

• за извршување на работи од јавен интерес; и 

• кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на Јоки ДООЕЛ или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите  или основните права и слободи на субјектите за кои е потребна заштита на лични податоци, особено кога субјектот е дете. 

Јоки ДООЕЛ применува соодветни мерки за заштита на правата и слободите и легитимните интереси на субјектите на лични податоци, а најмалку правото на обезбедување на човечка интервенција од страна на Јоки ДООЕЛ, право на изразување на личен став и право на  оспорување на таквата одлука. Ваквиот тип на Одлуки не се засноваат на посебни категории на лични податоци,освен во случаите дозволени со Законот за заштита на личните податоци. 

5. КОРИСНИЦИТЕ НА КОИ ЈОКИ ДООЕЛ МОЖЕ ДА ГИ ОТКРИЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ 

Јоки ДООЕЛ ги открива личните податоци на јавни органи во согласност со нивните законски  овластувања. 

Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000  Скопје), со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста 

Министерство за економија (со седиште: Јуриј Гагарин 15 Скопје) при вршење  комуникација со секторот за заштита на потрошувачи 

Организација на потрошувачите на Македонија (со седиште: 50-та Дивизија 10А Скопје) 

Државен пазарен инспекторат (со седиште: ул. Луј Пастер бр. 1, кат 3 Скопје) при  вршење на инспекциски надзори 

Банки и други финансиски институции –Халк Банка (со седиште: Бул. Св. Кирил и  Методиј бр. 54 1000 Скопје), Шпаркасе Банка (со седиште: ул. „Орце Николов” бр. 54,  1000 Скопје), Прокредит Банка АД Скопје (со седиште: Манапо бр.7 1000 Скопје) и  Унибанка Скопје (со седиште: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопjе) со цел комуникација и  регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу должници и Јоки ДООЕЛ и  вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на Јоки ДООЕЛ 

Министерство за внатрешни работи, (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје)  во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други  лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти  

Осигурителни компании – Триглав осигурување (со седиште: Бул. 8-ми Септември  бр.16 1000 Скопје) во случаеви на правење на осигурителни полиси

Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во  случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или  корисници 

Нотари, извршители или адвокати, во случаи на потреба од правна помош  

Стопанска комора на Северна Македонија (со седиште: Димитрие Чуповски“ бр.13,  1000 Скопје)  

Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени  околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци  доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи  (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган). 

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е  неопходна за: 

Усогласување со некоја законска норма 

Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна  на компанијата 

Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци 

∙ Агенции за наплата на побарувања – со цел вршење на услуги за наплата на  побарувања во должничко-доверителски односи со корисници 

∙ Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на корисници за нови услуги и новости поврзани со Јоки  ДООЕЛ 

∙ Консултантски фирми со цел вршење на активности поврзани со работењето на Јоки  ДООЕЛ 

∙ Надворешни изведувачи на ИТ услуги – со цел вршење на услуги за одржување на  системите, администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат  пристап до согласностите на субјектите на личните податоци или до податоци на  вработените  

∙ Сметководители – со цел извршување на активности од областа на смеководството,  давање примања на вработени, плаќање на должности и давачки. 

∙ Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци со цел водење  на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти  

∙ Сервис на продуктите кои се купени од нашата продавница 

Јоки ДООЕЛ соработува само со трети лица кои можат да имплементираат соодветни технички  и организациски мерки согласно регулативата и стандардите на Јоки ДООЕЛ, при тоа овозможувајќи соодветна заштита на личните податоци. Во вакви случаи, третите лица (обработувачите на личните податоци) се обврзани со конкретен Договор за обработка на  лични податоци кој обезбедува дека личните податоци се обработуваат само во согласност со  инструкциите дадени од Јоки ДООЕЛ и со почитување на заштитни технички и организациски  мерки со кои се обезбедува безбедност на личните податоци. 

6. ПРАВИЛАТА ШТО СЕ ПРИМЕНУВААТ ПРИ ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ (ПРЕКУ-ГРАНИЧЕН ПРЕНОС) 

Јоки ДООЕЛ може да изврши пренос на личните податоци кои ги обработува во согласно  одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Јоки ДООЕЛ, по потреба, на пример заради спроведување на Договор за користење на услуги  од надворешни лица кога давателот на услугата е надворешно лице од странство, може да  изврши пренесување на личните податоци во други држави што се членки на ЕУ или на ЕЕА и  за тоа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци согласно Законот за заштита на 

личните податоци. Јоки ДООЕЛ исто така има право да изврши пренос на личните податоци и  во други држави што не се членки на ЕУ или на ЕЕА, по претходно одобрение за пренос на личнитеподатоци од Агенцијата за заштита на личните податоци односно по добиена Одлука за соодветност од страна на Агенцијата доколку проценила дека третата земја обезбедува соодветно ниво на заштита на личните податоци. 

7. ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ И СОСТОЈБАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ПО ИСТЕК НА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД 

Основно начело во однос на чувањето на личните податоци е дека Јоки ДООЕЛ ги чува не подолго  од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат истите. Периодот на чување често е  поврзан со основот поради кои се обработуваат личните податоци. Пример, доколку обработката  на личните податоци е потребна за исполнување на законска обврска често периодот на чување е  определен во конкретниот закон. 

По истек на временскиот период на чување на податоците, Јоки ДООЕЛ ги уништува податоците согласно соодветна Процедура за уништување на документи, запазувајќи ги одредбите од  важечката регулатива. Исто така, обезбедува дека таквиот процес е запазен и од страна на третите  лица коишто обезбедуваат услуги во име и за сметка на Јоки ДООЕЛ и другите деловни  соработници. 

8. ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети. 

Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот) 

Јоки ДООЕЛ ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени, информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на Јоки ДООЕЛ ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на  автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за праватана субјектите на лични податоци. Во согласност со начелото на  транспарентност, Јоки ДООЕЛ ги информира субјектите на лични податоци за работите  поврзани со личните податоци преку/: документот „Информации за субјектот на  личните податоци“, и преку Известувањето за видео-надзор во ситеместа каде што има  

Јоки ДООЕЛ поставено камери. 

Напоменуваме дека Јоки ДООЕЛ не е должна да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5). 

Право на пристап (член 19 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од Јоки ДООЕЛ дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање. 

Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот) 

Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци. 

Право на бришење на податоците (член 21 од Законот) 

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од Јоки ДООЕЛ да ги избрише  нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, Јоки  ДООЕЛ ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за  целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични  податоци ја повлекол својата согласност, а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената согласност(во случај на директен маркетинг). 

При бришење на личните податоци, Јоки ДООЕЛ води сметка истите да се избришат и  од страна на третите страни со кои Јоки ДООЕЛ соработува а кои ги обработуваат тие податоци. 

Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот) 

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од Јоки ДООЕЛ да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштитана личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според  закон што се применува во однос на Јоки ДООЕЛ. 

Право на приговор (член 25 од Законот) 

Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до Јоки ДООЕЛ во  секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивнителични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на Јоки ДООЕЛ или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на  личните податоци и да побараат Јоки ДООЕЛ да ја запре натамошната обработка на  

личните податоци за тие цели. 

Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот) 

Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци. 

Право на преносливост (член 24 од Законот) 

Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на Јоки ДООЕЛ во структуриран, вообичаено користен, машински  читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без  попречување од страна на Јоки ДООЕЛ, доколку се исполнети условите согласно 

Законот за заштита на личниподатоци.

Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата е достапно на ваше барање до нашата  електронска адреса и истото можете да го поднесете на адреса „Ул. 36 Бр.2А Илинден“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или електронски, на е-адресата info@joki.mk при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото  Барање. 

НАПОМЕНА: Пред поднесување на Барање за остварување на правата се охрабруваат и замолуваат сите субјекти на лични податоци да ги прочитаат релевантните законски одредби цитирани погоре кои содржат услови и ограничувања кога и како се остваруваат правата, а со цел да се избегнат непотребни и неосновани барања до Јоки ДООЕЛ. 

Воедно напоменуваме дека бараните информации Јоки ДООЕЛ ќе ги обезбеди без надоместок  освен во случај кога Барањата се очигледно неосновани или прекумерни, особено ако се повторуваат истите барања. Во овие случаи Јоки ДООЕЛ или ќе одбие да постапи по Барањето или ќе наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или постапувањето по Барањето, за што соодветно ќе бидете известени. 

Исто така, напоменуваме дека доколку се побара повеќе од една копија од личните податоци што се обработуваат, Јоки ДООЕЛ донесува одлука дали ќе наплати надоместок при што ги зема предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на копиите. 

9. СИСТЕМ НА ВИДЕО НАДЗОР 

Јоки ДООЕЛ врши видео надзор во просториите само на просторот кој е доволен за  исполнување на целите за кои е поставен, заштита на сопственоста, заштита на животот и здравјето на вработените, и/или обезбедување на контрола на влегувањето и излегувањето од службените простории. 

Начинот на вршење на видео надзорот е подетално регулиран со Правилникот за начинот на  вршење на видео надзор на Јоки ДООЕЛ. Овој Правилник е изработен врз основа на Законот за  заштита на личните податоци и релевантните подзаконски акти донесени врз основа на овој Закон. 

Снимките направени при вршење на видео надзорот се чуваат до исполнување на целтаза кои  се врши видео надзорот, но не подолго од 30 ден. По истекот на овој рок снимките автоматски  се бришат од системот на видео надзор. Снимките од видео надзорот може да се чуваат  подолг временски период ако чувањето е согласно закон во кој се содржани заштитни мерки и  други мерки за заштита на правата и слободите на субјектите на личните податоци, но не подолго од исполнувањето на целта. Исто така, снимките може да се чуваат подолг временски  период кога тоа е потребно за остварување на легитимниот интерес на Јоки ДООЕЛ при водење на соодветни постапки согласно закон, и интерните процедури за начинот на чување и 

бришење на снимките. Видео снимките кои не се бришат автоматски односно кои се чуваат подолг временски период а за кои е исполнета целта, се уништуваат од страна на посебна Комисија за уништување на видео материјал. 

На видливо и јасно место каде што е поставен видео надзор Јоки ДООЕЛ има соодветно известување (налепница) која истакнува дека се врши видео надзор, како и податоци за името на контролот, целта на видео надзорот, рокот на чување на видео снимките, правата на субјектите на личните податоци, контакт податоци за офицерот за заштита на личните  податоци, информации за каде се врши видео надзор како и начинот на кој може да се добијат дополнителни информации.

10. БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Доверливоста на личните податоци на клиентите на Јоки ДООЕЛ има посебен фокус од страна на  сите служби во Јоки ДООЕЛ. 

Јоки ДООЕЛ ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. За оваа цел, се применуваат голем сет на технички и организациски мерки со кои Јоки ДООЕЛ гарантира дека личните податоци се обработуваат строго согласно Законот за  заштита на личните податоци и дека се обработуваат од добро обучени лица со ограничен и контролиран пристап до истите и преку безбедни и модерни ИТ системи. 

Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на Јоки ДООЕЛ и Јоки ДООЕЛ има нулта толеранција за случаи кои може да ја  доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите и пошироката јавност. 

Нарушување на безбедноста на лични податоци може да настане во случај на случајно или намерно уништување, губење, менување, откривање или пристап до личните податоци. Во ваква ситуација, Јоки ДООЕЛ веднаш откако дознала за нарушувањето на безбедноста а најдоцна во рок од 72 часа ја известува Агенцијата за заштита на лични податоци. Доколку  оцени дека станува збор за ситуација каде што постои веројатност да предизвика висок ризик  за правата и слободите на клиентите, и се исполнети законските услови од Законот за заштита  на личните податоци, ги известува и сите засегнати физички лица. 

Јоки ДООЕЛ има донесено соодветна процедура за начинот на кој вработените треба да  пријават до Агенцијата за заштита на личните податоци во случај на настанување на  безбедносен инцидент поврзан со протекување или нарушување на лични податоци.  

11. ИЗМЕНУВАЊЕ / ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ 

Политиката на Приватност е усвоена во 2022 година 

Јоки ДООЕЛ има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на Јоки ДООЕЛ со цел усогласување со важечката правна рамка или стандардите на друштвото,  доколку истите се повисоки во однос на предвидените со позитивните правни прописи. Во ваков случај, Јоки ДООЕЛ ќе објави соодветно известување со наведување на датумот на измена и кои се измените во Политиката. 

12. КОНТАКТ ПОДАТОЦИ ЗА ЈОКИ ДООЕЛ И ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

За било какви прашања во врска со оваа Политика за приватност на Јоки ДООЕЛ како и  во врска со Политиките од Анексите во прилог на оваа Политика, ве молиме контактирајте го Офицерот за заштита на лични податоци на еден од следните начини: 

– преку писмен допис којшто можете да го поднесете до Јоки ДООЕЛ на адреса „Ул. 36  Бр.2А Илинден“ со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“; 

– по електронски пат, на е-адресата info@joki.mk; или 

– преку телефонскиот број: +389 2 2581 800 

– Офицер за заштита на лични податоци на Јоки ДООЕЛ е Алики Божек Анакијева

АНЕКС број 1: ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВЕБ-СТРАНАТА И ОНЛАЈН СЕРВИСИТЕ НА ЈОКИ ДООЕЛ 

Јоки ДООЕЛ собира податоци за посетителите / корисниците на својата веб страна (во натамошниот текст: „корисниците“), достапни на следниот линк: https://joki.mk/. 

Веб-страницата може да вклучува линкови до други веб-страници кои се под одговорност  на трети лица (физички или правни лица). Во никој случај Јоки ДООЕЛ не е одговорна за мерките за заштита и управување со личните податоци во однос на гореспоменатите веб страници на трети лица. 

Личните податоци кои се собираат преку веб-страната и онлајн сервисите на Јоки ДООЕЛ се  потребни во моментот кога корисникот ќе ја побара услугата или посети страницата. Јоки  ДООЕЛ може да ги обработи сите или дел од дадените лични податоци од корисниците со цел да ја обезбеди е-услугата како и за статистички/аналитички цели со цел подобрување на услугите и корисничкото искуство. 

Поконкретно, Јоки ДООЕЛ ги собира следните податоци: 

Лични идентификациски податоци 

Јоки ДООЕЛ може да собира лични идентификациски податоци од корисниците на разни начини,а во врска со активностите, услугите, карактеристиките или достапните ресурси на веб страницата и онлајн сервисите на Јоки ДООЕЛ. 

Корисниците може да ја посетат страницата и анонимно преку „инкогнито моуд (incognito  mode)“ на интернет пребарувачот. 

Јоки ДООЕЛ ги собира личните идентификациски податоци од корисниците само доколку тие самите се согласат да ги достават до Јоки ДООЕЛ. Истите можат во секое време да одбијат да  ги достават личните идентификациски податоци. 

Лични податоци кои Јоки ДООЕЛ може да ги собира и обработува кога ја посетувате веб страницата или останатите онлајн услуги, се податоците добиени од страна на колачињата како и податоците кои може да ги оставите при креирање на корисничка сметка. 

Личните податоци кои ги обработува веб страната на Јоки ДООЕЛ се со цел да можеме да  подобриме корисничко искуство 

Идентификациски податоци што не се лични 

ЈОКИ ДООЕЛ може да собира и идентификациски податоци за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат веб – страницата или онлајн сервисите на ЈОКИ ДООЕЛ. Идентификациските податоци што не се лични може да вклучуваат: 

– Data tracking, односно името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на веб – страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет – услугата и слични информации, 

– Времетраење на посета како и времетраење на одреден проблем кој настанал при користењето на веб-страницата или онлајн сервисите, 

– Псевдоминизиран ID (единствен идентификациски број) кој се чува со цел да се идентификува корисникот кога повторно ја посетува веб-страницата, 

– Маркетинг податоци, односно податоци кои укажуваат на ЈОКИ ДООЕЛ кои реклами и

промоции ги прегледал корисникот и сл., 

– Локациски информации, односно податоци за локацијата од каде е отворена веб страницата или е пристапено кон онлајн сервисите. 

Сите овие информации се собираат со цел да се креира псевдоаномизиран профил на корисник. На овој начин се заштитуваат личните податоци на корисникот. 

“Колачиња (анг.: Cookies)” 

Веб – страницата на Јоки ДООЕЛ може да користи „колачиња” со цел да се подобри корисничкото искуство, да се подобри пристапот до одредени услуги на Јоки ДООЕЛ, да се  идентификуваат најчесто посетуваните области како и да се процени ефективноста на на веб – страницата. „Колачињата“ се мали текстуални (text) фајлови кои се испраќаат до компјутерот на корисникот со цел да се обезбеди техничка функционалност на веб-страницата и да се  

персонализира корисничкото искуство (пр. „колаче“ кое ги памти преференциите на  корисникот при следна посета на веб-страницата). 

ЈОКИ ДООЕЛ користи „колачиња“ кои спаѓаат во четири категории: 

Строго неопходни колачиња. Овие колачиња се секогаш активни поради функционалноста на веб-страницата. 

Аналитички колачиња. Податоците кои се обработуваат со овие колачиња се поврзани со начинот на кој се користи веб-страницата од страна на корисниците (од каде доаѓа посетителот, кои страници ги посетува, и сл.). Овие податоци не се користат за маркетинг или други цели освен за подобрување на корисничкото искуство на посетителот. 

Маркетинг колачиња. ЈОКИ ДООЕЛ не користи „колачиња“ кои собираат податоци  кои потоа се обработуваат за маркетинг цели. Истовремено, има воспоставено колаче одGoogle AdSense (трета страна) за нивни маркетинг цели (таргетирање на посетителите додека посетуваат различни веб-страници). Истите се користат согласно Политиката за приватност на Google. 

Колачињата од трети страни. Колачиња од трети страни овозможуваат различни  функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални  медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на ЈОКИ ДООЕЛ и ЈОКИ  ДООЕЛ нема контрола врз нив и како тоа ке бидат истите искористени. 

При првата посета на некоја од веб-страниците на Јоки ДООЕЛ посетителот добива информација за политиката на „колачиња“ на ЈОКИ ДООЕЛ и дава согласност за користење на  истите. Во таа насока, напоменуваме дека „колачињата” коишто се неопходни од технички аспект со цел корисниците да ја користат некоја од веб – страниците на Јоки ДООЕЛ не е можно да се исклучат. 

Во однос на останатите видови “колачиња”, коишто не се неопходни за општата функционалност на веб – страницата, предвидена е можност да ги одбиете или да се согласите  да ги прифатите. Корисниците може во секој момент да ги изменат преференциите. 

Дополнително, користењето на веб-страницата на Јоки ДООЕЛ не е условена од прифаќањето  на колачињата иако на тој начин одредени процеси може да не бидат технички оптимизирани  за корисничкото искуство на посетителот. 

За повеќе информации поврзани со колачињата кои се користат на нашите веб страници, ве  молиме прочитајте ја нашата Политика на колачиња поставена на нашата веб страна.  

ЦЕЛИ НА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

• За подобрување на функционалноста на веб-страницата и онлајн сервисите 

ЈОКИ ДООЕЛ постојано се стреми да ја подобри понудата на својата веб – страница и онлајнсервиси базирано на повратните информациите што ги добиваме од корисниците. 

• За подобрување на услугите на ЈОКИ ДООЕЛ кон клиентите 

Личните податоци помагаат поефикасно да одговориме на барањата на корисниците зададени услуги или поддршка што им е потребна (пр. процесирање на трансакции, верификација на идентитет, спречување измами, аналитика, итн.). 

БЕЗБЕДНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Како што е опишано во Политиката за приватност на Јоки ДООЕЛ, Јоки ДООЕЛ применува  сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на личните податоци, како и  податоци што не се лични, а се складирани на веб страните или онлајн сервисите на Јоки ДООЕЛ. 

ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА 

Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на веб – страните на Јоки ДООЕЛ, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. Јоки ДООЕЛ не ја контролира содржината или врските што се присутнина тие страници и не е одговорна за постапките на вработените од страниците што се  поврзаникон или од веб – страните на ЈОКИ ДООЕЛ. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена Политика за приватност на личните податоци на нивните веб- страници и посебна Политика за односи со клиенти. Пребарувањето и  интеракцијата со било која друга страница, вклучувајќи ги и страниците што имаат врски кон  веб – страните на Јоки ДООЕЛ е предмет на конкретните правила и политика на односните страници. 

ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

Политиката за приватност е усвоена во 2022 година 

Јоки ДООЕЛ има право да ја ажурира / изменува односно дополнува оваа Политика за приватност на личните податоци на секоја веб – страна во сопственост на Јоки ДООЕЛ, со цел усогласување со важечката правна рамка. Во ваков случај, Јоки ДООЕЛ ќе објави  известување на конкретната веб страна чија политика е променета со наведување на датумот  на измена и кои се измените во Политиката.

АНЕКС број 2: Политика за приватност на личните податоци на вработените на Јоки ДООЕЛ 

Оваа Политика се однесува на вработените на Јоки ДООЕЛ, на практикантите и волонтерите во Јоки ДООЕЛ,вработените со договор на дело и на ангажирани лица (во понатамошниот текст:  “вработени”).Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги обработува Јоки ДООЕЛ за вработените воЈоки ДООЕЛ, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на  чување на истите, заштитата, итн… 

Категории на лични податоци на вработените што Јоки ДООЕЛ ги обработува 

Врз основа на Законот за евиденции од областа на трудот, Законот за работните односи, Законот за практиканство, Законот за волонтерство и други законски и подзаконски акти од оваа област како и заради исполнување на договорните обврски со вработените на Јоки ДООЕЛ, Јоки ДООЕЛ ги обработува следните лични податоци: 

∙ име, презиме и татково име на работникот; 

∙ единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ); 

∙ ден, месец и година на раѓање; 

∙ место на раѓање (општина, населено место и држава); 

∙ пол (машки-женски); 

∙ живеалиште и адреса (општина, населено место, улица и број и држава); ∙ припадност на заедниците; 

∙ религиска припадност; 

∙ учество во синдикат; 

∙ место на работа (општина, населено место, улица и број, држава); 

∙ степен и вид на завршено образование (без образование, основно училиште, средно училиште, вишо, факултет, магистри и доктори на наука); 

∙ степен на стручна подготовка, 

– завршени програми за стручно оспособување (обука, доквалификација и преквалификација) и 

– посебни знаења и способности (компјутерски способности, знаење на 

странски јазици и други вештини); 

∙ шифра и опис на занимање; 

∙ работно време на работникот (полно работно време или скратено); 

∙ стаж на осигурување до стапувањето на работа кај работодавачот; 

∙ траење на работниот однос: 

– на неопределено време и

– на определено време; 

∙ број на трансакциска сметка; 

∙ износ на плата; 

∙ податоци за дисциплински постапки и изречени парични казни; 

∙ дали е трудов инвалид (здравствени податоци); 

∙ датум на засновање на работниот однос; 

∙ датум на престанок на работниот однос; 

∙ основа за престанок на работниот однос. 

Цели на обработка на личните податоци на вработените на Јоки ДООЕЛ 

Дополнително, Јоки ДООЕЛ ги обработува личните податоци на вработените на Јоки  ДООЕЛ и запотребите на легитимниот интерес на Јоки ДООЕЛ, во следните ситуации: 

∙ Носење одлука за внатрешно распоредување по сектори, унапредувања, итн…; ∙ Донесување на одлуки за платата и други бенефиции; 

∙ Обезбедување на договорни бенефиции за вработените; 

∙ Одржување на сеопфатна, ажурирана евиденција за вработените на Јоки ДООЕЛ, со  цел да се осигури, меѓу другото, воспоставување на ефикасна коресподенција и  одржување на соодветни точки за контакт во случај на некоја итност; 

∙ Ефикасно следење на работењето и ефикасност и преземање соодветни активности, доклку се појави таква потреба; 

∙ Проценка за потребите за обуки; 

∙ Ефективно управување за боледувања и одмори на вработените; 

∙ Управување со системот за законско отсуство од работа и плата, како што се породилно отсуство, неплатен одмор, и слично; 

∙ Деловно планирање и реструктуирање; 

∙ Справување со правни постапки против Јоки ДООЕЛ; 

∙ Спречување на измами; 

Посебни категории на лични податоци на вработените на Јоки ДООЕЛ 

∙ Јоки ДООЕЛ не обработува посебни категории на лични податоци

Врз основа на законските прописи за заштита на личните податоци, Јоки ДООЕЛ не е обврзана да обезбеди посебна согласност за обработка на посебните категории на лични податоци со цел да ги спроведе своите законски обврски коишто произлегуваат од прописите за работни односи, социјално и здравствено осигурување или друг закон. Во зависност од целта на обработка, можно е во одредени ситуации да побараме согласност за обработка на посебни категории на лични податоци. Во тој случај, вработените се целосно запознаени со причините за обработката. 

Безбедност на обработка на лични податоци 

Јоки ДООЕЛ ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци на вработените се заштитени од случајно губење или откривање,  уништување или злоупотреба. 

Време на чување на лични податоци 

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, Јоки ДООЕЛ ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката. Во текот на времетраењето на вработувањето, личните податоци на вработените се водат во евиденцијатана  вработени, а по престанокот на работниот однос, во согласност со Законот за архивски материјал,  Политиката за чување и уништување на документи и електронски записи и Законот за евиденции  од областа на трудот, се чуваат како документ од трајна вредност. Во однос на другите податоци  од досието, периодот на чување на податоците може да варира, во зависност од целите на  обработката на личните податоци. 

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни  односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години. Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по  завршување на работниот однос. 

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години. 

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се  обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат  најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор. Снимките направени од видео надзорот се чуваат максимум 30 денови по што автоматски се  бришат.  

Автоматско донесување на поединечни одлуки 

Јоки ДООЕЛ не ги обработува личните податоци на вработените на Јоки ДООЕЛ за носење  автоматски одлуки поврзани со вработените.

АНЕКС број 3: Политика за приватност на личните податоци на кандидатите за вработување во Јоки ДООЕЛ 

Оваа Политика се однесува на кандидатите за вработување во Јоки ДООЕЛ (во понатамошниот текст: “кандидати”). Оваа Политика ги утврдува видовите на податоци што ги чува Јоки ДООЕЛ за кандидатите за вработувањe, целите на обработка на нивните лични податоци, времето на  чување на истите, итн..  

Категории на лични податоци на кандидатите за вработување во Јоки ДООЕЛ што Јоки  ДООЕЛ ги обработува 

Јоки ДООЕЛ ги обработува следните лични податоци на кандидати за работа: 

• Име и презиме, адреса, датум на раѓање, телефонски број; 

• Слика и тоа единствено со изречна согласност од кандидатот, дадена во согласност со Законот за заштита на личните податоци; 

• пол; 

• информации вклучени во CV-то, вклучвајќи степен на образование и историја на вработување; 

• документација за потврдување на правото кандидатот да работи во Република Северна Македонија; 

• возачка дозвола (за одредени работни позиции). 

Цели на обработка на личните податоци на кандидатите за вработување во Јоки ДООЕЛ 

Јоки ДООЕЛ има легитимен интерес да ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување заради следниве цели: 

• Носење одлука кому да му се понуди вработување од кандидатите пријавени за работното место, внатрешно распоредување по сектори, унапредувња и слично; 

• Донесување на одлуки за платата и други бенефиции; 

• Проценка за потребите за обуки. 

Доколку апликацијата не е успешна и на кандидатот не му е понудено работното место, личните податоци нема да бидат употребени за било каква друга причина. Истите ќе бидат уништени од базата на податоци на Јоки ДООЕЛ. При горниот случај, Јоки ДООЕЛ може да  побара согласност од кандидатот за да ги зачува неговите лични податоци во базата на  податоци на потенцијални кандидати за вработување, во случај да се појават соодветни слободни работни места во организацијата за кои смета дека би сакале да аплицираат во рок од 1 година максимум.

Корисници и пренос на Вашите лични податоци 

Како кандидат за вработување во Јоки ДООЕЛ, Јоки ДООЕЛ ги открива личните податоци на раководителот на Секторот во Јоки ДООЕЛ за работното место за коешто аплицирал  кандидатот, како и на останатите вработени лица во Јоки ДООЕЛ задолжени за интервјуирање  и селекција на кандидати. Во однос на остантите можни корисници на личните податоци на 

кандидатот како и за преносот на личните податоци, важат одредбите за пренос на личните  податоци од Политиката за приватност на Јоки ДООЕЛ. 

Безбедност на обработка на личните податоци 

Јоки ДООЕЛ ги презема потребните технички и организациски мерки со цел да осигура дека личните податоци се заштитени од случајно губење или откривање, уништување или злоупотреба. 

Време на чување на личните податоци 

Во согласност со начелата за заштита на личните податоци, Јоки ДООЕЛ ги обработува личните податоци само онолку колку е потребно за исполнување на целите на обработката, а истото зависи  од тоа дали апликацијата на кандидатот ќе биде успешна или неуспешна. 

Доколку апликацијата е неуспешна, и притоа Јоки ДООЕЛ нема согласност од кандидатот да ги  чува неговите лични податоци за идни отворени работни позиции во Јоки ДООЕЛ, личните податоци ќе ги чува најмногу 60 дена од денот на завршување на изборот за работната позиција. 

Доколку Јоки ДООЕЛ побарала и добила согласност за чување на личните податоци за идни отворениработни позиции во Јоки ДООЕЛ, податоците ќе ги чува во период од 1 година.  

По завршување на овој период Јоки ДООЕЛ ќе ги уништи личните податоци, освен во случај ако порано кандидатот ја повлекол согласноста. 

Доколку апликацијата е успешна, личните податоци ќе бидат пренесени во евиденцијата на вработени на Јоки ДООЕЛ.