Општина Гази Баба, со цел да ги стимулира граѓаните на Општина Гази Баба (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред од 01.01.2022 година ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на уредот, не повеќе од 62.000,00 денари вклучен персонален данок на доход.
1.2. Јавниот повик ќе трае од денот на објавување 21.03.2022 година, до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Гази Баба за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
1.3. Доколку бидат исцрпени сите финансиски средства од од Буџетот на Општина Гази Баба за оваа намена, Општина Гази Баба ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат.
1.4. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање.
2. Право на учество на Јавниот повик:
2.1.Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба кои имаат купено високоефикасен инвертер клима уред во период од 01.01.2022 година се до завршување на Јавниот повик и ќе поднесат барање за надоместување на трошоците за само еден инвертер клима уред.
2.2. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живееат во истиот.
2.3. На Јавниот повик имаат право на учество две или повеќе домаќинства кои живеаат по лична карта на иста адреса, исклучиво со приложен доказ дека станува збор за одвоени домаќинства (сметки за различни броила за електрична енергија).
3.Услови што треба да ги исполни барателот:
3.1. Барателот треба да ги исполни следните услови:
– да има живеалиште на подрачјето на Општина Гази Баба
– домаќинството да нема искористено субвенции за инвертер клима уред од Град Скопје за своето домаќинство
– да е корисник на печка на дрва, јаглен, нафта или мазут – набавениот уред да биде купен во период од 01.01.2022 година
– набавениот уред задолжително да ги има следните карактеристики: да има најмалку СОР 3.5, да грее на надворешна температура од -15°С и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење
– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него да живее барателот
– да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи
Тимот на Јоки Ви стои на располагање за сите прашања во врска со изборот на систем за греење и ладење.
Контактитајте не на: 02 2581 800 | info@joki.mk
Дополнителни информации за повикот се допстапни на следниот линк: https://gazibaba.gov.mk/mk/javni-povici/javni-povici/aven-povik-za-subventcionira-e-na-gra-anite-na-opshtina-gazi-baba-za-kupuva-e-na-visokoefikasen-klima-ured-za-zatopluva-e-za-2022-godina