Филтрите се наменети за отстранување на механички нечистотии од водата, како што се рѓа, песок, каменец, талог, и слично.
Филтерскиот елемент е изработен од издржлив полипропиленски конец намотан околу цврсто полипропиленско јадро. Степенот на филтрација на филтерот зависи од густината на намотување и од степенот на затегнатост на влакната.
Разликата во однос на филтрите изработени од пенест полипропилен е во тоа што овие можат да поднесат повисока температура на водата.
Технички карактеристики:
Параметар | Вредност |
---|---|
Големина | 2,5″ x 10″ |
Максимален капацитет | 10.000 L |
Препорачан проток | 8 L/min |
Степен на филтрација | 1 микрон |
Температура на водата | +3…+60 °С |
Максимален период за замена | 6 месеци |