
- Општина Илинден, согласно Програмата за финансиска подршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2023 година донесена од Советот на Општина Илинден предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими односно соларни панели за семејства со постојано место на живеење на територија на Општина Илинден.
- Износот кој Општина Илинден го доделува како финансиска помош за набавка на инвертер клими односно соларни панели изнесува 50% од сумата за која е купен инвертер климата односно соларниот панел односно до максимум 10.000,00 денари по производ.
- Барањата од Јавниот повик ќе бидат разгледувани по редослед според датумот и времето на пристигнувањето.
Право на учество на Јавниот повик
Право на учество на јавниот повик за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клима односно соларен панел има секој граѓанин со постојано место на живеење во Општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел сметано од денот на објавување на јавниот повик година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
Услови што треба да ги исполни барателот
Барателот треба да ги исполни следниве услови:
- да е жител на Општина Илинден;
- да има набавено инвертер клима или соларен панел сметано од денот на објавување на јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за јавниот повик;
- инвертер клима уредот односно соларниот панел да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
- само едно лице од едно семејство може да поднесе барање за добивање на надоместок;
Начин на пријавување на Јавниот повик и потребна документација
- За учество на јавниот повик, барателот е должен да ја поднесе следната документација:
– барање за финансиска подршка за набавка на инвертер клима односно соларен панел (барањето може да се симне од web страната на Општина Илинден или да се подигне преку архивата на Општина Илинден;
- фотокопија од важечка лична карта на барателот,;
- доказ дека е извршено купување на инвертер клима или соларен панел- фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, при што задолжително е инвертер климата односно соларниот панел да е целосно отплатен и плаќањето на рати не се прифаќа.
- фотографија од монтирана инвертер клима односно соларен панел на објектот на адреса на која се води барателот по лична карта;
- фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
- Едно лице може само еднаш да аплицира за добивање на финансиска парична помош за набавка на инвертер клима односно соларен панел.
Промотивни цени на клима уреди во ЈОКИ со гратис СЕТ за монтажа
Каде се аплицира за субвенции?
За прв пат во општина Илинден субвенции за инвертер клими или соларни панели