ЈОКИ: ШПОРЕТИ

Добри практики за греење на Дрва во Домаќинствата

Според публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“ (Државен завод за статистика, 2014), 62% од вкупниот број домаќинства во Р. Македонија користат дрва како примарен извор на енергија, 29% користат електрична енергија, додека 8% се потпираат на топлинската енергија од централно парно греење. И по 8 години сликата не е целосно променета односно греењето на дрва е сеуште широко застапено – затоа важно е да се применат најобрите практики за да се заштеди енергија, пари и да се намали загадувањето.

  • Користете само соодветно исушено дрво. За оваа цел купувајте дрва на почетокот на летото и чувајте ги на сончево место, добро заштитено од дожд
  • Сортирајте или поделете ги трупците според големината: треба да остане простор помеѓу трупците и ѕидовите на уредот.
  • Потребното дневно количество дрво складирајте го на затворено во загреана просторија
  • Изберете дрва со иста големина и дијаметар, претпочитајте цепени дрва, наместо цели. Со ова се подобрува ефикасноста на согорувањето.
  • избегнувајте користење хартија за палење
  • Обезбедете максимален проток на доводот на воздух
  • Додадете дополнителни дрва само кога има доволно жар во подножјето на огнот
  • Постепено полнете го уредот со мало количество дрва
  • Доколку ви е потребна посилна или послаба топлина, менувајте ја количината дрва, наместо да го прилагодувате доводот на воздух
  • Кај затворените типови камини или печки/ шпорети, вратата на уредот треба да биде затворена додека гори огнот.

Совети за согорувањето

Лошото согорување е поврзано со емисиите на значителни количества загадувачки супстанци во атмосферата, особено прашина и суспендирани честички

  • За оптимизација на ефикасноста на уредот потребно е да се постигне висока температура на согорување за краток временски интервал
  • Доколку правилно се изведе палењето, чадот исчезнува за помалку од 15 минути
  • Доколку уредот произведува голема количина густ, темен чад, тоа значи дека согорувањето е лошо. Ова може да биде причинето од:
    • Лош квалитет на дрвата/несоодветно складирање
    • Нечиста комора за согорување или оџак со наслаги од саѓи
    • Проблем со доводот на воздух.

Кај последните два случаи потребна е интервенција од страна на квалификувано техничко лице.

    • Присуството на мирис во просторијата се поврзува со лошо согорување и со можна емисија на штетни супстанци од уредот.
    • Ефикасното грејно тело го загрева вашиот дом, заштедува гориво и пари и ги намалува емисиите во атмосферата.

Доколку вашиот избор е греење на дрва – консултирајте се со нашите продажни експерти кои ќе ви предложат модел на шпорет, камин или котел соодветен за вашиот простор.

Испратете барање или контактирајте не.