
КЕПО – Котли на пелети
Keпo котлите на пелети се изработени со многу внимание и искуство, со врвен квалитет на изработка, со одлична завршна обработка и многу нови технички детали, кои ќе ви овозможат подобар комфорт во експлоатација.
Keпo во понудата има четири модели на котли со различна моќност (15kW, 20kW, 25kW i 35kW). Секој модел има две варијанти: AЦ (со автоматско чистење на горилникот) и MЦ (со рачно чистење на горилникот). Моделите, покрај чистењето на горилникот, не се разликуваат во другите технички карактеристики.
Карактеристики и предности на KEПO котлите на пелети
- Зголемен степен на искористување на енергијата
- Практичен и брз сервис на котлите,добра изолација на вратата, капак за изменувачите на топлина и водениот дел на котелот
- Едноставно чистење на комплетните топлински изменувачи во внатрешноста на котелот, со еден потег на раката
- Голем волумен на резервоарот за пелети
- Голем резервоар за пелети со можност за доградба на дополнителен резервоар за пелети
- Квалитетен горилник со добро согорување
- Автоматско чистење на горилник (само кај модели од серијата AC)
- Квалитетна и елегантна завршна боја, брава и врата на котелот која се подесува, со подесување на грејач за потпалување на пелетите
- Масивна и посигурна хранилка за вметнување на пелети, WiFi конекција за далечинско управување (опционално вградување)
- Дополнителен резервоар за пелети BigTank, со капацитет од 225кг (опционално вградување)
Проверен квалитет на котелите
Нашите котли се направени од високо квалитетни материјали и претставуваат ефикасен, економичен, еколошки и комфорен начин за загревање на вашиот животен или деловен простор.
Во Кепо котлите се вградува котловски лим од 3mm до 5mm дебелина, со квалитет P265GH. Деловите од котелот кои се изложени на високи температури имаат дебелина од 5mm.
Изменувачите на топлина се котелски цевки со квалитет P265GH, а за изолација во внатрешноста на котелот, се користи 40 до 50mm дебелина. Пресувана камена волна со дебелина од 20 до 60mm се користи за надворешна изолација на котелот. За чистење на изменувачот на топлина, се инсталирани прохроматски пружини со дебелина од 3mm.
Врз основа на овие елементи и благодарение на извонредните конструкциски решенија, добивме CE сертификат кој ја потврдува усогласеноста на нашите производи со европските прописи и овозможува присуство на нашите производи и на домашниот и на европскиот пазар.
Висок степен на енергетска ефикасност
Кепo котлитe се одликуваат со висок степен на искористување на енергија од 91%. За овие резултати се заслужни конструкционите решенија за котли, добро согорување и одлична изолација.
Во зависност од зададените параметри, Keпo котлите функционираат целосно автоматски, што значи дека можете да програмирате 7-дневен режим на работа: кога да се запалат, кога да се изгасат и која температура да одржуваат во зададениот период.
Покрај вградената автоматика на котлите, можете да инсталирате и собен термостат кој дополнително го зголемува комфорот при експлоатација и штеди на потрошувачката на пелети.
Современа технологија на изработка
Ги следиме најновите светски трендови и се трудиме да го зголемиме нивото на квалитетот на нашите производи со примена на иновации во областа на греењето.Сакаме да им обезбедиме на нашите купувачи современ производ кој одговара на нивните потреби за греење, со максимален комфор и рационално трошење на пелети.
Опремата за производство на Кепо котлите е најсовремена во светот на металната индустрија – од CNC машина за сечење и обликување на лимот, до најновите апарати за заварување.
Покрај CE сертификатот кој го потврдува квалитетот на производите, во производството е имплементиран ISO 9001 стандардот, со што целиот процес на производство е заокружен.
Кепо котлите се целосно домашен производ, додека придружните електрични компоненти се внесуваат од Италија, Швајцарија и Велика Британија.
WiFi уред и функции
WiFi модулот се користи за безжична комуникација на корисниците со котелот, преку андроид апликација и WiFi конекција. Потребно е само корисникот во својот станбен простор да има WiFi рутер и да користи некој од Андроид мобилните телефони.
Поврзувањето на модулите е многу едноставно и се поврзува директно на електрониката на котелот. Насоките за инсталирање и поврзување на корисничкиот WiFi рутер со модул за безжична конекција се наоѓаат во Упатството за употреба и користење кое корисникот го добива со уредот.
По поврзувањето на модулот на котлите, потребно е, од Google Play Store, на мобилниот телефон да ја “симнете” апликацијата “KEPO“.
Со оваа апликација корисникот има можност да управува со следните функции на котлите:
- палење и гасење на котелот
- подесување на моќноста (сила) на работата на котлите 1-5
- проверка на сите потенцијални аларми на котелот
- проверка на моменталниот статус на котлите, т.е. режимот на работа во кој моментално се наоѓа (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО, моментална температура на водата)
За секоја дополнителна информација за производот можете да ја контактирате техничката служба на претпријатието Кепо Доо.
Дополнителен резервоар за пелети BigTank
Во нашата понуда е новиот резервоар за пелети со капацитет од 225кг. Кепо го претставува резервоарот за пелети со високи пергорманси-BigTank. Се одликува со максимално искористување на големината,што овозможува голема автономија во работењето. Се вградува во сите модели на нашите котли на пелети.
Долготрајност на котлите и на опремата
Со купување и инсталирање на котел Kepo ќе го решите проблемот со греењето за подолг временски период. Со оглед на тоа дека котлите на пелети на нашиот пазар се релативно млад производ, ние се уште немаме податоци на терен за нивната долговечност. Сепак постојат очекувања дека ќе имаат значително подолг век на трење во споредба со работниот век на класичниот котел на цврсто гориво.
Ако просечниот век на трење на конвенционалните котли на цврсто гориво (со дебелина на лимот од 4 mm, со не контролирано согорување и голема кондензација и киселина која настанува од влажно дрво и јаглен) за 10 години, се очекува дека котел на пелети со дебелина на лим од 5mm и контролирано согорување, со влажност на пелетите од околу 7%, има многу подолг век на траење.
Со вградување на вентил со терморегулација значително го зголемува работниот век на котелот. Неговата улога е да се минимизира кондензацијата, со што се неутрализира секоја можност за предвремено пропаѓање на котловскиот лим.
Вентилот е воедно услов за гаранција од 5 години на водените делови на котелот, додека гаранцијата на електрични уреди 2 години.
Обезбеден сервис
Сервисот на котелот го врши исклучиво овластен сервисер на Kepo, за гаранцијата на производот да е валидна. Услугата за првиот и секој нареден сервис не е вклучена во цената на котелот и неговите трошоци ги сноси купувачот.
Првиот сервис подразбира:
- проверка дали котелот е правилно поврзан и дали ги исполнува сите услови за правилно функционирање
- поставување параметри и пуштање на котелот во функција
- обука на корисникот за правилно ракување и одржување
Голем сервис на котелот е пожелно да се направи еднаш годишно, за да се осигура максимално искористување на енергијата и да се обезбеди правилно функционирање на системот. На овој начин ќе се обезбеди правилно функционирање на производот во наредната сезона.
Неопходно е првиот голем сервис да биде извршен од лице овластено од Кепо. Сервисерот ќе ве обучи како се прави големиот сервис, така што подоцна можете и сами да го направите, ако имате услови за тоа. Во случај да не ја сакате оваа обврска, секоја година сервисерите од Kepo ќе го извршуваат чистењето на котелот од јуни до август.
Зошто треба да се oпределите за греење на пелети?
Котлите на пелети се нашата иднина во поглед на греењето, особено што користат дрвена маса-најраспространета суровина како огрев на нашите простори. Со преработка на дрва се добива пелети кои не се штетни за животната средина, пресуван огревен материјал во форма на мали цилиндри со дијаметар од 6mm.
Котелот на палети ви нуди далеку поголема удобност при греење, во споредба со класичните котли на цврсто гориво:
- Нема потреба за чување на залихи на пелети за цела сезона, туку купувате по потреба во секое време од годината
- Минимална количина на пепел. На потрошени 3 тони пелети А1 класа на квалитет, ви останува 30 килограми пепел, што е неверојатно помалку и затоа е полесно за складирање и чистење
- Далеку помал простор за складирање – ако сепак сакате да купите палети за целата грејна сезона, ќе ви биде потребна само 3.6m² површина за 3 тони пелети
- Исти трошок во експлоатацијата – на самиот почеток котелот на палети е поскап од класичниот котел, но со таа разлика во цената купувате неспоредливо поголем комфор
- Имате повеќе слободно време – со лесно полнење на котлите и едноставно програмирање и одржување, ќе имате многу помали обврски за греење
Што е потребно за да се греете на пелети?
За да ја завршите инвестицијата, потребни се радијатори, радијаторски вентили и разводници.
Потоа можете да уживате во новиот начин на греење.
За да дознаете повеќе за котлите на пелети и како да ги користите, превземете PDF документи Прашања на купувачите и Неопходни услови за инсталација и пуштање на котелот во работа.