Ви треба практичен пример за да разберете колку троши топлинската пумпа?
Стандардна топлинска пумпа од 5 kW може да потроши помеѓу 500 W и 2.000 W, но потрошувачката на електрична енергија не е константна бидејќи таа може варира помеѓу првиот час по вклучувањето и последователните часови.
Кога топлинската пумпа ќе се вклулчи за прв пат, таа троши поголема количина на електрична енергија за брзо да ја достигне саканата температура, до таа мера што може да потроши дури 2 kWh само во првиот час. По постигнување на избраната температура, топлинската пумпа може да троши само 0,5 kWh во следните часови.
Се подразбира дека ефективноста на топлинската пумпа делумно зависи од климатските услови и надворешните температури. Препорачуваме да го проверите коефициентот на перформанси на топлинската пумпа(COP), кој ја нагласува врската помеѓу топлинската моќ што може да се генерира и искористената електрична енергија. На пример, ако топлинската пумпа обезбедува 4 kW на системот за греење, трошејќи 1 kW, нејзиниот COP е 4. За прецизно да ја процените потрошувачката на систем од ваков вид, мора да го измерите сезонскиот принос (SPF или SCOP). COP се користи во првата фаза на планирање за да се пресмета проценката на сезонските перформанси, земајќи ја предвид вистинската улога што ја игра пумпата на системот за греење на кој ќе биде поврзана и земајќи ги предвид другите фактори, како што се: климатската зона квалитетот и ефикасноста на топлинската пумпа типот на системот за греење точноста на дизајнот и инсталацијата на системот.
За да се пресмета потрошувачката на топлинска пумпа можете да користите ватиметар за да ја процените дневната потрошувачка на топлинска пумпа; оваа алатка обезбедува информации за kWh што топлинската пумпа ги апсорбира во одреден временски период и ви овозможува да ги пресметате трошоците откако ќе ги имате трошоците за kWh врз основа на сметката. За да ги искористите резултатите од ватиметарот, едноставно приклучете го во штекер и поврзете го со топлинската пумпа.
Доколку размислувате за набавка на топлинска пумпа консултирајте се со нашите продажни експерти кои ќе ви предложат систем соодветен за вашиот простор.