Колку чинат резервните делови и потрошниот материјал на системите за реверзна осмоза

Реверзна (обратна) осмоза е најефикасна технологија за прочистување на водата за пиење. Отстранува 99,8% нечистотии во водата, а исто така го подобрува мирисот и вкусот на водата со тоа што водата е чиста и безбедна за здравјето на луѓето, како за возрасни така и за деца. Се користи за отстранување на огромното мнозинство на нечистотии од водата со туркање на вода под притисок низ полупропустлива мембрана.

Овој метод кој првично бил наменет да направи вода за пиење од морска вода. Постапката користи полупропустлива мембрана низ која поминува чиста вода и остануваат соли. Обратна осмоза е речиси совршен процес на филтрирање на водата. Овој процес овозможува отстранување на најмалите честички од водата со отстранување на неоргански материи, соли, минерали и сите останати нечистотии, а како резултат на тоа се создава вода која ги задоволува сите стандарди кои може да ги бара одредена индустрија. Предноста на оваа техника е што речиси секоја загадена вода може да се третира така што ќе стане питка.

Во претходната статија ве запознавме со системите за прочистување на водата за пиење на принцип на реверзна осмоса.

Главното прашање е колкави се трошоците за одржување на ваквите системи?

Системот за реверзна осмоза е најефикасен метод за домашно прочистување на водата за пиење во однос на трошоците за одржување. Имено реверзната осмоза дава подобар квалитет од најчистата флаширана вода, и тоа по неколку стотина пати пониска цена од флашираната.

Филтрите во зависност од потрошувачката и типот на вода во просек се менуваат еднаш годишно. Терминот за промена не треба да се пропушта бидејки хлорот може да ја уништи на мембраната. Осмотската мембрана нема рок на траење, но се менува пред ТДС метарот да ја помине границата од 100 ппм, или отприлика на 2 години.

За илустрација се дадени цените за некои од деловите во Март 2022 – како што може да се забележи патрон филтер за седиментација чини само 70 денари.

Повеќе информации за Ekosoft системите за прочистување на вода за пиење можете да добиете на: 02 2581 800 или можете да ни пишете на info@joki.mk