Греењето на пелети e се повеќе популарно и многу домаќинства се одлучуваат да му ја доверат топлината на својот дом на овој систем за греење, не само затоа што е еколошки систем за греење кој најмалку и штети на нашата планета, туку и од многу други причини.
Доколку сте размислувале да се „префрлите“ на греење на пелети, во продолжение дознајте како функционира овој систем за греење и дали навистина со него ќе добиете се што сте очекувале и Ви е потребно.
Како функционира греењето на пелети и што точно се пелети?
Како што сугерира името, греењето на пелети користи пелети како гориво, што всушност е цврсто гориво создадено со технолошкиот процес на мелење, сушење и пресување на дрво или некој друг „био“ материјал. Најчесто се користат дрвени пелети, кои верувале или не, со согорување даваат повеќе топлина отколку трупец со ист волумен од истото дрво.
Производството на пелети е стандардизирано кога се во прашање условите, па дури и изгледот на пелети е строго дефиниран – дијаметарот е 6 mm, должината 30 mm, а влажноста мора да биде под 10%.
Друг интересен факт – за разлика од другите видови гориво, количината на пепел што останува по согорувањето на пелети е само 1% од масата на горивото, што значи дека чистењето и одржувањето на котлите и печките е многу полесно и побрзо.
Пелетите се пакуваат во вреќи и складирањето на пелети зазема четири пати помалку простор отколку складирањето на дрво или јаглен за истиот ефект кога се загрева.
Изборот на квалитетни пелети е важен и затоа ви препорачуваме пред почеток на сезоната да се консултирате со тимот на експерти за греење и ладење на Јоки.
Греењето на пелети има уште една голема предност – котлите и печките на пелети користат термостати благодарение на кои е можно автоматски да се регулира температурата за максимална удобност при загревањето.
Дали е исплатливо?
Дали греењето на пелети ќе ви се исплати или не ќе зависи од средината во која живеете и годишното време кога купувате пелети.
Ако купувате пелети во лето, ќе платите многу помалку отколку ако ги купите во текот на сезоната, сепак цената на пелетите зависи и од трговецот – подобро е да набавите пелети од компанија која се занимава со системи за греење и ладење бидејќи истата освен комерцијалисти за продажба има инженери и искусен менаџерски тим кои заедно може да проценат кој производ е со подобри карактеристики а има прифатлива цена.
Заклучокот дека греењето на пелети е решение со прифатливи трошоци кое ќе ве ослободи од физичката работа на подготовка на огревно дрво или чистење на шпорети и котли.
Тимот на Јоки Ви стои на располагање за сите прашања во врска со изборот на систем за греење и ладење.
Контактитајте не на: 02 2581 800 | info@joki.mk