Правилна употреба на клима уреди при високи температури
Како правилно да постигнете пријатна температура кога надвор е многу топло?
Медиумите честопати апелираат како да се користи климатизерот, како е многу опасно ако не се користи рационално, итн. Што треба да се направи, како да се прилагоди температурата, како да се избегне појава на непријатни мириси од климатизерот?
Прилагодување на температурата
Кога ќе започнат високи температури, лекарите почнуваат да апелираат да не се прави температурната разлика (помеѓу климатизираната просторија и надворешноста) поголема од 5-7°С. Овие податоци треба да се земат со резерва, бидејќи кога надворешните температури се 36-38° C, тоа значи дека треба да ја поставите климата на 31-33 ° C, што е бесмислено.
Најдобро е да ја прилагодите температурата како што Ви одговара. При високи надворешни температури овој опсег би требало да се движи од 26 до 29 степени. Се разбира, не треба да ја поставите температувата на 16 степени бидејќи освен зголемена потрошувачка на енергија го ризикувате и сопственото здравје.
Кога треба да се напушти климатизирана просторија луѓето кои живеат во станови имаат предност пред оние кои живеат во куќи. Едноставно, кога некое лице ќе го напушти станот, тој мора да помине низ ходникот на зградата за да излезе надвор, на повисока температура. Ова му дава на телото одредено време да се прилагоди на зголемувањето на температурата. Оние што живеат во куќи, веднаш излегуваат на надворешната температура, така што температурната разлика може да биде поопасна за нив – во ваков случај се препорачува исклучување на клима уредот 10-15 минути пред напуштање на домот со цел телото да се навикне на повисока температура.
Режими на климатизација
Режими на климатизација Современите сплит системи имаат неколку режими на работа (греење, ладење, одвлажнување, т.е. сушење и вентилација). Неопходно е да изберете добар режим за време на летната жештина, за да се чувствувате пријатно во вашиот дом.
Одвалжнување
Детал што луѓето го забораваат е тоа што климатизерите не само што го ладат просторот, туку и го сушат воздухот во него. Токму ова сушење (одвлажнување) на воздухот ја дава таа пријатна атмосфера во правилно климатизирани простори. Значи, не е сè во поставената ниска температура, посувиот воздух ви овозможува да се чувствувате пријатно и при повисока температура.
Понекогаш е подобро да го вклучите климатизерот во режим на одвлажнување (на далечинскиот управувач кој обично е обележан со капка вода). Особено ако температурата нагло се зголеми по врнежи, што ја зголемува влажноста.
Ладење
Класичниот режим на ладење е означен со снегулка на далечинскиот управувач. Температурата тука мора правилно да се постави. Честопати луѓето прават грешка што го вклучуваат климатизерот на 16° C со надеж дека побрзо ќе го олади просторот. Ова е заблуда, бидејќи климатизерот испушта воздух на постојана температура (околу 5-7 ° C), а температурата што ја поставивме на далечинскиот управувач значи температура во просторијата каде климатизерот ќе престане да се лади. Што значи сето ова – ако ја поставите климата на 17 ° C или 26 ° C, таа ќе се олади со ист интензитет. Климатизерот ќе лади подолго време ако го поставите на 17 ° C и просторијата ќе стане непријатно студена.
Чистење и дезинфекција на климата
Овој дел е детално објаснет во текстот за тоа како правилно да се чисти и одржува клима уредот. Овде би дидале дека важно е после секоја работа, на крајот од денот пред да ја исклучите климата, добро да ја исушите внатрешната единица. Ова едноставно се прави со зголемување на температурата на далечинскиот управувач, така што компресорот ќе се исклучи и само вентилаторот на внатрешна единица ќе работи и ќе го исуши.
Сушењето на климата по секоја употреба е од клучно значење, за да не се размножуваат бактериите на влажниот испарувач (кој е во внатрешната единица) или да се појави мувла. Сето ова спречува појава на непријатни мириси од климата.
Потрошувачка на електрична енергија
Честа заблуда е дека климатизерите се големи потрошувачи на електрична енергија. Потрошувачката зависи од енергетската класа на уредот. Просечен клима уред со моќност од 12.000 BTU (најчесто инсталиран во домови) троши од 890 до 1.100 W ( на пример, кварцен грејач троши 1000 W). Клима уредот ја троши оваа енергија ако работат компресорот, вентилаторот на надворешната единица и турбината (вентилаторот) на внатрешната единица. Кога климатизерот ќе ја достигне поставената температура на далечинскиот управувач, тој ги исклучува компресорот и вентилаторот на надворешната единица, оставајќи го да работи само вентилаторот за внатрешна единица, кој троши многу малку електрична енергија.
Клучни работи
Ако денот е сончев, не заборавајте прво да ги затемните прозорците кои се директно изложени на сонце (завеси, ролетни и сл.). Поставете го климатизерот на оптимална температура (да речеме 26-27° C). На крајот на денот, вклучете го климатизерот на вентилација за да дозволите внатрешната единица добро да се исуши. Задолжително користете ги вечерните и ноќните пониски температури за добро да го проветрите станот или куќата и да го замените стариот воздух.
Ако ги користите вашите климатизери на овој начин, нема да бидете изложени на ризик по вашето здравје, климатизерот ќе работи подолго и сметката за струја нема да биде голема.