ЈОКИ: БЛОГ

Јавен повик за субвенции за инвертер клима уреди – Општина Гази Баба 2023

ОБЈАВЕН Е ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВИСОКОЕФИКАСНИ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЗА 2023 ГОДИНА.

Од 05.06.2023 година во тек е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за граѓаните на општина Гази Баба за 2023 година.

1. Опис на Јавниот повик

Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2023 година, но не повеќе од 30.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход.

Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2023 година (”Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.14/22), во Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година.

Ќе бидат надоместувани дел од трошоците трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2023 година од денот на објавување на овој јавен повик.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2023 година, односно се до исцрпување на финансиски средства наменети за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2023 година. Јавниот повик е објавен на web страната на Гази Баба (www.gazibaba.gov.mk), во два печатени медиуми.

Доколку немате избрано клима уред искористете некоја од акциските понуди на Јоки:
Airfel – акциска понуда
VIVAX – понуди

2. Право на учество на Јавниот повик:

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба кои ќе купат високоефикасен клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на Јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

3. Услови што треба да ги исполни барателот: 

Барателот треба да ги исполни следните услови:

• да е жител на Општина Гази Баба,

• да нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од било кој извор на РСМ,

• да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут (нема да се прифатат ќумбиња за печење пиперки,ајвар итн),

• да ја предаде постојната печка на јаглен, дрва, нафта или мазут на општината исклучиво по добивање известување за место и време на предавање на печката, по електронски пат од страна на комисијата (предадената печка мора да се совпаѓа со фотографијата од печката при поднесување, во спротивно барањето ќе биде одбиено),

• набавениот уред да биде купен во 2023 година, во период од објавување на јавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,

• набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење,

• станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,

• да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи или бил корисник,

• да има платено данок на имот за станбениот објект во кој ќе биде инсталирана високо ефикасниот клима уред заклучно со 2022 година.

   Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за да неговото барање биде одобрено. Во спротивно, неговото барање ќе биде одбиено.

    4. Начин на пријавување на Јавниот повик

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите се исполнети, барателот до Општина Гази Баба треба да достави:

• пополнето барање, кое може да се подигне од архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди преку интернет страната на општината (www.gazibaba.gov.mk),

• фотографија од печката/ите на дрва, јаглен, нафта или мазут која/и ја/ги користи;

• нотарски заверена изјава дека доброволно и без надомест ќе ја предаде постојната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут на општината, дека нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети / инвертери) на своето домаќинство од било кој извор на РСМ и дека е согласен неговите лични податоци да се користат исклучиво за ова субвенционирање (пример од изјавата подигне од архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди преку интернет страната на општината (www.gazibaba.gov.mk),

• оригинална потврда/и, заверена/и со потпис и печат од продавачот, дека набавениот инвертер клима уред е високоефикасен т.е. ги исполнува следните минимални карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење (пример на потврдата подигне од архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди преку интернет страната на општината(www.gazibaba.gov.mk),

• оригинален доказ дека е извршено купување во 2023 година и тоа со само една фискална/и сметка/и или фактура со прилог уплатница или фактура со прилог извод од деловна банка за извршена уплата во целост,

• трансакциска сметка исклучиво лична на барателот (не ополномоштена од трето лице),

• сметки од броила за електрична енергија за одделни домаќинства на иста адреса на живеење (доколку две или повеќе домаќинства живеат на иста адреса),

• оригинална/и потврда/и, заверена/и со потпис и печат од општината, дека старата/ите печка/и е/се предадена/ни. Потврдата содржи: име, презиме и адреса на барателот, место и датум на предавање, како и идентификационен број на апликација, и се приложува дополнително исклучиво по добиено известување од страна на комисијата дека истата може да ја предаде,

• барање за издавање потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за станбениот објект каде што е инсталирана печката заклучно со 2022 година, (барањето може да се подигне во архивата на Општина Гази Баба или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.gazibaba.gov.mk).

• повеќе домаќинства кои се водат на иста адреса задолжително да достават сметки од различни броила за електрична енергија како доказ дека се посебни одвоени домаќинства.

Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2023 година“ во архивата на Општина Гази Баба, на адреса ул.Архимедова бр.2, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

Архивата на Општина Гази Баба примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

 5. Начин на спроведување на јавниот повик

5.1. Градоначалникот на Општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:

• во првата фаза комисијата ги разгледува пристигнатите поради утврдување на редоследот по кој ќе се разгледуваат барањата,

• во втората фаза комисијата врши детален увид во уредно доставената документација од точка 4 заради утврдување на исполнување на условите од членот 3 од овој правилник,

• во трета фаза комисијата ги известува барателите кои ги исполнуваат условите за местото и времето на предавање на печка/ите, и

• во четврта фаза комисијата врши преглед на потврдите за предадените печки и ги приложува кон уредно доставената документација од точка 4.

Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, а по донесување на решенија за одобрување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба.

  6. Начин на остварување на правото на надоместок

За утврдување на исполнувањето на условите согласно точка 3 на јавниот повик, Градоначалникот на општина Гази Баба формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на дел од трошоците за високоефикасни инвертер клима уреди, за граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за 2023 година.

Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето на барателите кои ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик. Градоначалникот на општина Гази Баба на предлог на Комисијата ќе ги извести за неусвојување на барањето, барателите кои не ги исполниле условите врз основа на Јавниот повик.

Барање

Барање за данок

Изјава за нотар

Потврда за Енергетска ефикасност на инвертер

 

Кога е најповолно да се набави инвертер клима и колкав капацитет е оптимален?

Набавката на инвертер клима уред пред почетокот на летото е најповолна од неколку аспекти. Прво, пред почетокот на летото, многу производители на клима уреди нудат попусти и специјални понуди. Ова значи дека цените на инвертер клима уредите можат да бидат пониски, што го прави изборот на клима уред во овој период финансиски поволен.

Но освен финансиските предности, инвертер клима уредите имаат и низ други предности. Прво, овие уреди имаат висока ефикасност во ладење и загревање, што значи дека можат да ја задржат оптималната температура во просториите во било кое време од годината. Ова значи дека ќе можете да уживате во комфорен и пријатен простор, независно од надворешните услови.

Инвертер клима уредите се познати и по својата енергетска ефикасност. Тие користат напредни технологии кои овозможуваат прецизна контрола на моторот и регулирање на брзината на компресорот. Ова значи дека клима уредот работи според потребите на просторот и автоматски се прилагодува, што резултира во значителна енергетска ефикасност. Овие уреди штедат енергија и ви помагаат да намалите енергетските трошоци на долгорочна база.

Освен енергетската ефикасност, инвертер клима уредите се исто така познати и по својата тивка работа. Тие користат напредни изолации за да го намалат нивото на бучава, што ги прави пријатни за користење дури и при спиење.

Кога станува збор за избор на капацитет на инвертерски клима уред, важно е да се земе предвид квадратурата на просторот што треба да се лади или загрева. Овој аспект е важен за постигнување на оптимална перформанса и ефикасност на клима уредот.

За помали простории со површина од 10 до 20 квадратни метри, обично е доволен клима уред со капацитет од 9000 BTU. Оваа категорија на клима уреди е погодна за мали канцеларии, спални соби или мали дневни простории.

За средни простории со површина од 20 до 30 квадратни метри, препорачливо е да се избере клима уред со капацитет од 12000 BTU. Тој е соодветен за средни спални соби, дневни простории или канцеларии.

За поголеми простории со површина од 30 до 40 квадратни метри, потребен е клима уред со капацитет од 18000 BTU. Овој капацитет е идеален за големи дневни простории, холови или офиси.

Во секој случај, важно е да се консултирате со стручно лице, бидејќи истото може да ви пружи посебни совети и препораки според специфичните потреби и карактеристики на вашата просторија.

Имајте предвид дека овие препораки се само насоки и може да варираат во зависност од фактори како изолација на просторот, бројот на прозорци, насоченост кон сонцето итн.

Доколку размислувате за набавка на инвертер клима – консултирајте се со нашите продажни експерти кои ќе ви предложат систем соодветен за вашиот простор.

Испратете барање или контактирајте не.

 

 

Vivax инвертер клима уреди

Во денешно време, трошоците за живот растат, а луѓето постапно стануваат посвесни за климатските промени и нивните последици врз околината во која живееме. Есенцијално е да придонесеме кон намалување на загадувањето и истовремено да заштедуваме и користиме економични извори за греење и ладење. Новите инвертер клима уреди се најекономичното решение за ладење и греење. Со константен напредок на технологијата и користење на еколошки гасови, клима уредите денеска станаа неизоставен дел од секој дом.

Клима уредите нудат многу придобивки кога станува збор за ладење и греење во нашиот дом или работно место. Еве неколку кратки точки што се предности од користењето на клима уреди:

  1. Комфор: Клима уредите ви овозможуваат да создадете пријатна и удобна атмосфера во вашиот простор. Способноста да ја контролирате температурата и влажноста ги осигурува вашето задоволство и комфор преку целата година.
  2. Енергетска ефикасност: Современите клима уреди се развиени со иновативни технологии, вклучувајќи инвертерска технологија, која им овозможува да работат ефикасно и да штедат енергија. Ова води до намалување на енергетските трошоци и значителна заштеда на вашата сметка за струја.
  3. Контрола на влажноста: Клима уредите не само што ја контролираат температурата, туку и влажноста во вашиот простор. Тоа е особено корисно во региони со висока влажност, каде што клима уредот може да го регулира нивото на влага и да ви обезбеди убав и пријатен воздух.
  4. Филтрација на воздухот: Клима уредите воедно функционираат и како системи за филтрирање на воздухот. Оние се опремени со филтри кои ги задржуваат прашината, алергени, бактерии и други штетни честици. Ова помага во очистувањето на воздухот и креирање на здрава и свежа атмосфера.
  5. Флексибилност: Клима уредите се флексибилни и можат да бидат инсталирани во различни видови простории, од куќи и станови до канцеларии и трговски објекти. Тие имаат различни големини и капацитети.

Јоки Ви ги предлага најпродаваните 2 модели од брендот Vivax – 12CH35AEFIs и VIVAX 12CH35AERI+ по промотивни цени:

Најевтин инвертер клима уред на пазарот, одлични перформанси за најдобрата цена што можете да ја добиете – Vivax 12CH35AEFIs – 3,8 KW.

  • ЕНЕРГЕТСКА КЛАСА (SEER/SCOP):A++ (6.1/4.0)
  • МАКСИМАЛЕН КАПАЦИТЕТ НА ЛАДЕЊЕ:4162.00 W
  • МАКСИМАЛЕН КАПАЦИТЕТ НА ГРЕЕЊЕ:4220.00 W
  • ПРОСЕЧНА МОЌНОСТ:3517/3810 W
  • ВЛЕЗНА МОЌНОСТ ЛАДЕЊЕ:1213 W
  • ВЛЕЗНА МОЌНОСТ ГРЕЕЊЕ:1088 W
  • ПРОТОК НА ВОЗДУХ:540.00 m3
  • КАПАЦИТЕТ НА ОДВЛАЖНУВАЊЕ:1.20 l/h
  • НИВО НА БУЧАВА:40.50 dB
  • РАБОТНА ТЕМПЕРАТУРА:ОД -10 ℃  ДО 50 ℃
  • МАСА ВНАТРЕШНА ЕДИНИЦА:7.60 kg
  • МАСА НАДВОРЕШНА ЕДИНИЦА:23.20 kg
  • ПРЕПОРАЧАНА ПОВРШИНА:до 35 м2
  • ФРЕОН:R32
  • ФИЛТРИ:Филтер за прашина
  • ДИМЕНЗИИ НАДВ. ЕДИНИЦА:720 X 495 X 270 mm
  • ГАРАНЦИЈА:5 години

Инвертер клима уред VIVAX 12CH35AERI+ R32, 3,52 kW/3,81 kW, A+++/A++, R32

  • Капацитет на ладење: 3,52 kW
  • Капацитет на греење: 3,81 kW
  • Фреон: R32
  • Циркулација на воздухот: 520 m3/h
  • Енергетска класа на греење: А++
  • Енергетска класа на ладење: А+++
  • SEER коефицент: 8.5
  • SCOP коефицент: 4,6
  • LED екран
  • Функционалности:
    – самодијагностика, soft start, sleep mode, Turbo mode, ionizator, timer, auto restart, auto mode, I feel функција
  • Dust филтер
  • Bio филтер
  • Wi-Fi ready
  • Сушач на преостаната влага, греачи на компресорот и кондензаторот, функција за штедење на енергија, работа при низок напон, заштита за вентилот на надворешна единица
  • Рамна предна маска
  • Греење и ладење при температура -25°C
  • Влезна снага на ладење: 1088W
  • Влезна снага на греење: 1025W
  • Опсег на работа: -25°C≤T≤50°C
  • Капацитет на одвлажнување: 1,2l/h

 

 

Филтер за седиментација Ecosoft

Ecosoft филтерot за седиментација е совршен за станови со една бања. Овој филтер е намерно дизајниран со проѕирно куќиште за да му овозможи на корисникот визуелно да препознае кога филтерот е затнат и треба да се замени. Поврзувањето со филтерот е 3/4″ или 1/2″, а влезот и излезот е со женски месинг навој. 

Овој вид на филтер овозможува заштита на санитарна опрема и водовод од рѓа, песок, муљ и бигор.

 

Се монтира пред апаратите за домаќинство и филтрите за вода за пиење.

 

Карактеристики:

– Куќиште на филтер од чиста првокласна пластика
-Поради проѕирното куќиште корисникот ќе може визуелно да одреди кога да го замени патронот
-Компактен и лесен за монтажа

Име на параметарот

Вредност

Код FPV12Eco

FPV34Eco

Големина

2,5″×10″

Димензија на поврзување

1/2″

3/4″

Максимален проток

10 L/min (0,6 m3/h)

Работен притисок

3,5 – 4 бари

Максимален притисок

6 бари

Температура на водата

+3 … +43 °С

Прочистување на водата за пиење

Филтрите за вода се дел од секојдневниот живот затоа што тврдата вода, хемиско загадување, загадувањето од стари цевки или загадување на изворите е сè поприсутно. Во однос на човекот водата е исклучително важна за размена на хранливи материи, за респираторната функција, при регулирање на дигестивниот систем, контрола на телесната температура итн.

Пиењето на чиста вода е од огромно значење за здравјето токму затоа вреди да се размисли да се инвестира во систем кој ќе ви овозможи филтрирање на водата од чешма и добивање на вода со одличен квалитет без набавка на флаширана вода која е скапа, а многу често и патот на истата од изворот до трпезата е во пластична амбалажа која претставува еколошки проблем.

Кој тип на филтрација на водата за пиење е најдобар за домаќинствата и компаниите?

Реверзна (обратна) осмоза е најефикасна технологија за прочистување на водата за пиење. Отстранува 99,8% нечистотии во водата, а исто така го подобрува мирисот и вкусот на водата со тоа што водата е чиста и безбедна за здравјето на луѓето, како за возрасни така и за деца. Во исто време, системот за реверзна осмоза е најефикасен метод за домашно прочистување на водата за пиење во однос на трошоците за одржување.

Предности на користење системи за обратна осмоза

  • Извор на апсолутно чиста и безбедна вода за пиење
  • Подготвувањето храна со осмотска вода ќе и даде на храната подобар и поприроден вкус
  • Кафето и чајот ќе имаат зачуван вкус и подобра арома
  • Апаратите за домаќинство (метални прибор, котел, овлажнител и сл.) ќе бидат заштитени од бигор
  • Прочистената вода може да се користи за наводнување на цвеќе

Како изгледа системот за реверзна осмоза (5-50) ECOSOFT?

 

Фази на прочистување на системот за реверзна осмоза

Водата за напојување прво поминува низ три пред-филтри. Овие пред-филтри се наменети за отстранување на механичките нечистотии од вода (‘рѓа, песок, тиња), како и остаток на хлор, органски и органохлоридни соединенија.

Четвртата (најважна) фаза е мембраната за реверзна осмоза. Ја прочистува водата на молекуларно ниво со отстранување на 99,8% нечистотии од водата, вклучително и бактерии и вируси. Прочистената вода оди понатаму во пластичниот резервоар.

Јаглеродниот пост-филтер е петта фаза на третман на вода. Содржи активиран јаглерод со висок квалитет, што дополнително го подобрува и дава на водата специфичен, сладок вкус.

Систем за Реверзна Осмоза (5-50) ECOSOFT

Предности на стандардниот систем на обратна осмоза на Ecosoft

  • Високо квалитетна мембрана за реверзна осмоза на Ecosoft
  • 5 степени на прочистување
  • 7,9 L прочистена вода на час
  • До 7 L корисен волумен на резервоарот
  • Пријатен вкус на вода благодарение на пост јаглеродниот филтер
  • Куќиштата за филтри се изработени од пластика што ги исполнува сите стандарди на ЕУ

 

Доколку Ви е потребна уште понапредна технологија за филтрација го препорачуваме системот: Систем за Реверзна Осмоза (6-50) СО МИНЕРАЛИЗАТОР

Систем за Реверзна Осмоза (6-50) СО МИНЕРАЛИЗАТОР

Предности на системот за реверзна (обратна) осмоза на PURE на Ecosoft

  • реверзна осмоза преку мембраната на DOW Filmtec brana (САД)
  • 6 степени на прочистување (вклучително и минерализација)
  • 7,9 L прочистена вода на час
  • До 7 L корисен волумен на резервоарот
  • Пријатен вкус на вода благодарение на филтрите со активен јаглен кои учествуваат во 4 од 6-те фази на филтрација
  • Вода со чешма со две раце – за прочистена и минерализирана вода
  • Можна е и хоризонтална и вертикална монтажа
  • Куќиштата за филтри се изработени од пластика што ги исполнува сите стандарди на ЕУ

Фази на прочистување на Систем за Реверзна Осмоза (6-50) СО МИНЕРАЛИЗАТОР

Водата за напојување прво поминува низ три пред-филтри. Овие пред-филтри се наменети за отстранување на механичките нечистотии од вода (‘рѓа, песок, тиња), како и остаток на хлор, органски и органохлоридни соединенија.

Четвртата фаза (исто така најважна) е мембраната за обратна осмоза. Прочистува вода на молекуларно ниво со отстранување на 99,8% нечистотии од водата, вклучително и бактерии и вируси. Прочистената вода оди понатаму во пластичниот резервоар.

Јаглеродниот пост-филтер е петта фаза на третман на вода. Содржи активиран јаглерод со висок квалитет што дополнително го подобрува и дава на водата специфичен, сладок вкус.

Шестата фаза на прочистување е нејзината минерализација. Присуството на минерални материи во вода, неговата pH вредност, како и органолептичките својства се корегираат.

 

Повеќе информации за Ekosoft системите за прочистување на вода за пиење можете да добиете на: 02 2581 800 или можете да ни пишете на info@joki.mk

 

EcoSoft бокал за филтрирање на вода за пиење

Пиењето по 8 чаши вода на ден е многу важно за одржување на здрав начин на живот.

Во однос на човекот водата е исклучително важна за размена на хранливи материи, за респираторната функција, при регулирање на дигестивниот систем, контрола на телесната температура итн.

Пиењето на чиста вода е од огромно значење за здравјето токму затоа вреди да се размисли да се инвестира во систем кој ќе ви овозможи филтрирање на водата од чешма и добивање на вода со одличен квалитет без набавка на флаширана вода која е скапа, а многу често и патот на истата од изворот до трпезата е во пластична амбалажа која претставува еколошки проблем.

Минималистичкиот дизајн на бокалот за филтрирање на вода за пиење Ecosoft Dewberry го прави вистинско освежување за секоја кујна. Користењето на бокалот Ви нуди можност да уживате во почиста вода со подобар вкус по прифатлива цена.
Тенката верзија на бокалот е дизајнирана за да може да се постави во вратата на фрижидерот кај најголем дел од современтие фрижидери.

Придобивките од филтерот за вода Ecosoft Dewberry

  • Вода со одличен вкус, без каква било нечистотија
  • Ги отстранува хлорот и лошиот вкус
  • Го намалува железото, манганот и другите загадувачи
  • Идеален за готвење и пиење
  • Елегантен и тенок дизајн
  • Лесно се вклопува во повеќето фрижидери
  • Евтина алтернатва за прочистување на водата за пиење
  • Произведено од пластика без BPA

 

Ecosoft Nemo бокал за филтрирање на вода

Најекономичната варијанта на Ecosoft бокалите е моделот Nemo.

Компактен бокал со капацитет за прочистување од 1,8 литри

Има одличен стилски дизајн и капацитет од 1,8 L прочистена вода, со вкупен волумен од 3,0 L. Го елиминира металниот вкус на водата, ја отстранува заматеноста и тврдоста.

Практично, брзо и лесно за користење

Брзо прочистување, 7 чаши чиста вода за 7 минути.

Можете да истурите чиста вода во чашата без да чекате да заврши филтрирањето, да имате подобар вкус, свежа вода за неколку минути.

 

Oглас за вработување КОМЕРЦИЈАЛИСТ

ЈОКИ ДООЕЛ, објавува оглас за КОМЕРЦИЈАЛИСТ за продажба на опрема за централно греење, климатизација, соларна енергија и водовод
Одговорности и задачи:
– Планирање и организирање на продажни активности;
– Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата;
– Познавање и постојано следење на техничките карактеристики на производите;
– Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
– Изработка на потребна документација;
– Способност за индивидуална и тимска работа;
Квалификации: Минимум CCC, ВСС Машински или Економски факултет ќе се смета за предност, Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност. Познавање на работа со компјутери. Поседување возачка дозвола Б-категорија (активен возач)
Што нудиме:
– Почетна основна нето плата од 38.000 денари + бонуси за успешна продажба
– Можност за доусовршување и дообразување
– Мотивирачка работна средина
-Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови и сакаат да бидат дел од нашиот тим треба да достават по е-маил:
-кратка биографија (CV) со наведување на позицијата за која аплицираат
-најдоцна до 10.03.2023 год. на: e-mail: kristijan@joki.mk

Дали треба да се исклучуваат инвертер клима уредите во зима и како поекономично да се користат?

Во време кога цените на енергенсите растат, прашањето како да се користи климата се поставува повеќе од кога било. За да постигнете максимална удобност и да ги намалите сметките за струја, неопходно е правилно да го користите клима уредот.

ДАЛИ ТРЕБА ДА ЈА ИСКЛУЧИТЕ КЛИМАТА?

Честопати, кога корисниците ја гледаат вклучена внатрешната единица или вентилаторот како се врти на надворешната единица, мислат дека уредот троши прекумерно. Во тој случај посегнуваат по далечинскиот управувач и ја исклучуваат климата. Во случај на напредни климатизери, кои се достапни за продажба во последните години, технологијата на инвертер овозможува економично дозирање на моќноста според потребата за греење или ладење. Тоа значи дека уредот се стреми кон максимални перформанси и потрошувачка на почетокот на работата, а по 30 до 40 минути кога ќе се достигне собната температура, ја намалува излезната топлинска моќност (потрошувачка). Ова ни кажува дека по неколку часа работа, уредот троши неколку пати помалку од неговиот номинален капацитет. Затоа не треба да се грижите дали вентилаторот сè уште работи на надворешната единица во тој случај,

Кога ќе му дозволиме на уредот да ја достигне поставената температура, тој автоматски ја намалува моќноста и брзината на вентилаторот на внатрешната единица. Само со ова се постигнува многу ниско ниво на бучава (19-21 dB), речиси нечујно. Во режимот на одржување, клима уредот се обидува да ја компензира само загубата на топлина на просторот во тековното време, што може да го задоволи со многу мал проток на воздух и секако многу мала потрошувачка.

РАБОТЕЊЕ НА КЛИМА УРЕДОТ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА

Често се случува, за да се намали потрошувачката на електрична енергија, корисниците навечер ја исклучуваат климата. Доколку потребата за климатизација е континуирана, тогаш дефинитивно е неопходно да се продолжи со користење на клима уредот преку ноќ. Во овој период домаќинствата користат ниска тарифа за струја. Добро е да се акумулира поставената температура во просторот за живеење со работа преку ноќ за половина од цената. Во режимот на греење оваа предност е уште поизразена бидејќи надворешните температури се секогаш пониски ноќе, а со тоа и губењето на објектот (зголемена потреба од струја). Доколку уредот е опремен со WiFi интерфејс, можеме дополнително да ја прилагодиме работата на таков начин што ќе ја зголемиме работата на клима уредот за време на пониската тарифа, а во дневната (повисока) тарифа го намалуваме барањето. Овде зборуваме за корекција на собна температура од 1-2,5 C.

КЛИМА ИНВЕРТЕР

Дали сте слушнале како инвертер клима уредите се подобри и како создаваат заштеда од 30%? Ова е точно, но само ако правилно го користите уредот. Инвертер клима уредите постигнуваат заштеди во т.н модулација на моќност, односно кога ја одржуваат температурата во просторијата. Едноставно кажано, тие заштедуваат енергија кога не ги користите само кратко време. Кога се користат климатизери со инвертер технологија за кратко време, тие работат со максимална моќност и потрошувачка, а со намалена ефикасност, накратко, се однесуваат како старомодни клима уреди со фиксна моќност. Во моментот кога треба да почнат да работат поекономично, вие ја исклучувате климата, а потоа повторно ја повторувате постапката за неколку часа. На овој начин го користите уредот во режим на висока потрошувачка, а самиот комфор не е добар бидејќи просторот не е добро климатизиран, а во краткиот период кога работи клима уредот протокот на воздух е голем и има непријатно чувство на провев.

Добри практики за греење на Дрва во Домаќинствата

Според публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“ (Државен завод за статистика, 2014), 62% од вкупниот број домаќинства во Р. Македонија користат дрва како примарен извор на енергија, 29% користат електрична енергија, додека 8% се потпираат на топлинската енергија од централно парно греење. И по 8 години сликата не е целосно променета односно греењето на дрва е сеуште широко застапено – затоа важно е да се применат најобрите практики за да се заштеди енергија, пари и да се намали загадувањето.

  • Користете само соодветно исушено дрво. За оваа цел купувајте дрва на почетокот на летото и чувајте ги на сончево место, добро заштитено од дожд
  • Сортирајте или поделете ги трупците според големината: треба да остане простор помеѓу трупците и ѕидовите на уредот.
  • Потребното дневно количество дрво складирајте го на затворено во загреана просторија
  • Изберете дрва со иста големина и дијаметар, претпочитајте цепени дрва, наместо цели. Со ова се подобрува ефикасноста на согорувањето.
  • избегнувајте користење хартија за палење
  • Обезбедете максимален проток на доводот на воздух
  • Додадете дополнителни дрва само кога има доволно жар во подножјето на огнот
  • Постепено полнете го уредот со мало количество дрва
  • Доколку ви е потребна посилна или послаба топлина, менувајте ја количината дрва, наместо да го прилагодувате доводот на воздух
  • Кај затворените типови камини или печки/ шпорети, вратата на уредот треба да биде затворена додека гори огнот.

Совети за согорувањето

Лошото согорување е поврзано со емисиите на значителни количества загадувачки супстанци во атмосферата, особено прашина и суспендирани честички

  • За оптимизација на ефикасноста на уредот потребно е да се постигне висока температура на согорување за краток временски интервал
  • Доколку правилно се изведе палењето, чадот исчезнува за помалку од 15 минути
  • Доколку уредот произведува голема количина густ, темен чад, тоа значи дека согорувањето е лошо. Ова може да биде причинето од:
    • Лош квалитет на дрвата/несоодветно складирање
    • Нечиста комора за согорување или оџак со наслаги од саѓи
    • Проблем со доводот на воздух.

Кај последните два случаи потребна е интервенција од страна на квалификувано техничко лице.

    • Присуството на мирис во просторијата се поврзува со лошо согорување и со можна емисија на штетни супстанци од уредот.
    • Ефикасното грејно тело го загрева вашиот дом, заштедува гориво и пари и ги намалува емисиите во атмосферата.

Доколку вашиот избор е греење на дрва – консултирајте се со нашите продажни експерти кои ќе ви предложат модел на шпорет, камин или котел соодветен за вашиот простор.

Испратете барање или контактирајте не.

 

MIMSAN BK – котел на цврсто гориво

Овој тип на котел се произведува во 3 различни варијанти во опсег на моќност од 29 kW, 47 kW до 70 kW.

Благодарение на системот за согорување контролиран од вентилатор, стапката на несогорено цврсто гориво е многу мала, бидејќи целото гориво доаѓа во контакт со воздухот. Целосното согорување се постигнува со секундарните воздушни канали во комората за согорување. Благодарение на неговиот дизајн со четири премини, тој е дизајниран да согорува нискокалорични домашни горива од јаглен и дрво со висока ефикасност и на еколошки начин. Со распределување на добиената топлина подеднакво на сите површини, се обезбедува максимален пренос на топлина и заштеда на гориво.

Карактеристики

  • Висока ефикасност на согорување до 80%
  • Голема комора за согорување погодна за согорување камен јаглен, јаглен од лигнит и дрво
  • Лесно полнење гориво, растоварување и чистење на пепел благодарение на три различни дизајни на капакот
  • Лесно се полни и пали со широка врата за снабдување со гориво
  • Прилагодливи капаци со специјално дизајнирана рачка за покривање
  • Еколошки дизајн со ниски вредности на емисија на гасови
  • Заштита од сите видови надворешни фактори со својата челична конструкција
  • Облога со електростатска боја на галванизиран лим
  • Стандарден работен притисок 2 бари
  • Лесно се чисти благодарение на дизајнот на плочата (преградата).
  • Лесно се протресува и се растоварува пепелта благодарение на подвижната решетка
  • 1 сертифицирана котелска цевка во согласност со нормата 10217-2
  • Циркулациони пумпи со контролирана фреквенција, енергетски ефикасни
  • Најсовремени техники на производство
  • Усогласеност со меѓународни норми и стандарди

Побарајте понуда на info@joki.mk