Повеќе за програмата
Програмaта за финансирање на зелената економија– проект воспоставен од ЕБОР со намена за помош на финансирање на инвестиции во зелена економија во станбениот сектор во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Северна Македонија, Црна Гора и Србија, поддржан со грант средства од Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан (EWBJF) фонд од повеќе донатори во рамки нa Инвестициската рамка за Западен Балкан, Фондот за соработка Јапонија-ЕБОР и од Швајцарија преку Специјалниот фонд на ЕБОР за партнерство со високо влијание врз климатските активности (HIPCA), кои се применливи од време на време и како што е известено од страна на ЕБОР (Донатори), со намена, меѓу другото и за исплата на Крајните корисници на Стимулација за инвестирање.
За што служи
Преку овој кредит можете да финансирате инвестиции во енергетско ефикасни технологии за вашиот дом, како и трошоци за помошни материјали, за достава и за инсталација.
Од порфолиото на Јоки со овој кредит може да се финансира набавка и инсталација на:
- печки/котли на биомаса, котли на гас,
- соларни колектори за топла вода,
- топлински пумпи (електрични или на гас),
- балансирана механичка вентилација,
- акумулациски бојлери за топла вода.
Целосниот каталог на технологии и производи кои се прифатливи и одобрени од GEFF Програмата за финансирање со овој кредит се прикажани во Селекторот на технологија на следниот линк:
Искористете го GEFF калкулаторот за да ги пресметате веднаш заштедите кои на долг рок би ги оствариле со имплементација на прифатливите енергетско ефикасни технологии:
Поврат на средства (грантови)
Kај Проект кој не се однесува на инсталирање на технологија од категорија обновливи извори на енергија од Селекторот на зелена технологија во висина до 15% од помалиот износ од (1) искористениот под-кредит и (2) Инвестициските трошоци за реализација на Проектот;
Kај Проект кој се однесува најмалку на една технологија од категорија обновливи извори на енергија од Селекторот на зелена технологија средства во висина до 20% од пониската вредност од 1) искористениот под-кредит и 2) Инвестициските трошоци за реализација на Проектот.
Исплатата на грантот за таа инвестиција е условена крајните корисници да не се корисници на каков било грант од кој било донатор.
Корисници на кредитот
Кредитот е наменет за вработени лица и за пензионери кои сакаат да инвестираат во енергетски ефикасни технологии за домот.
Технологиите кои се прифатливи за финансирање со овој кредит се прикажани во Селекторот на технологија.
Кредитот се нуди со две варијанти на обезбедување:
- Кредит обезбеден со меница и менична изјава,
- Кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот.
Караткеристики:
- Поврат до 20% oд кредитот во вид на грант
- Износ до 50.000 евра,
- Долгорочна заштеда преку пониски трошоци за енергија,
- Одлична каматна стапка од 7.152 % годишна променлива,
- Рок на отплата до 20 години.
Користењето енергетски ефикасни технологии ќе ти овозможи остварување заштеди на подолг рок. Сега, средствата потребни за инвестирање во штедливи технологии за твојот дом се достапни преку кредит со одлични услови, и тоа со можност за поврат до 20% од висината на кредитот за таа инвестиција.
- 1
- 2