Како влијае влажностa на воздухот во затворените простории?

Квалитетот на воздухот што го дишеме влијае на продуктивноста и здравјето во секој момент од нашите животи – без разлика дали сме на работа, вечераме дома со семејството или тренираме во теретана. Но, од што точно е состевен воздухот и дали можеме да го контролираме и да го подобриме неговиот квалитет?

Поголемиот дел од воздухот што го дишеме се состои од азот и кислород. Покрај овие два хемиски елементи, воздухот е составен од разни благородни гасови како јаглерод диоксид и големи количини на водена пареа. Ние ја нарекуваме оваа влажност.

За да се разберат основите на влажноста, важно е да се направи разлика помеѓу апсолутната и релативната влажност.

Апсолутна вредност е количината на водена пареа во воздухот, додека релативната влажност е количината во однос на моменталната температура. Поради фактот што високата температура може да ја задржи влагата повеќе од студениот воздух, релативната влажност е далеку позабележителна при високи температури. Кога ја гледате временската прогноза, вредностите секогаш се изразуваат како процент, што е всушност релативна влажност. Она што треба да го разбереме е дека овие поими значат две сосема различни работи и дека релативната влажност е многу поважна за квалитетот на нашиот воздух во затворените простории.

Како прво, совршената влажност во затворен простор зависи од температурата надвор и, до одреден степен, од личниот вкус. Идеално, вредностите треба да се движат од 30% до 40% во текот на зимата и 40% до 60% во лето. Сè што е надвор од овие нивоа може значително да влијае на квалитетот на воздухот во затворените простории.

Зголемените нивоа на влажност го претвораат вашиот воздух во поволна средина за разни микроорганизми како што се грини, бактерии и мувла.

Генерално, контролата на влажноста може да има силно влијание врз квалитетот на воздухот и може да ни помогне да дишеме подобро и да бидеме поздрави и попродуктивни воопшто.

Клима уредите можат да ни помогнат при намалување на влажноста на воздухот во летните денови. При поголема влажност на воздухот вклучете го климатизерот во режим одвлажнување – означен со капка на далечинскиот управувач.