Топлинска пумпа воздух-воздух

Што е топлинска пумпа

По дефиниција топлинска пумпа е уред кој одзема топлина од една средина, најчесто од околината (воздух, вода, земја), и ја предава на средина со повисоко температурно ниво (за греење). Принципот на работа на топлинската пумпа е ист како и кај ладилните и клима уредите, но нејзината примарна цел е греење. Топлинската пумпа ги има истите компоненти како и ладилен или клима уред. Разликата е во работните(температурните) услови. Ладилниот уред одзема топлина од средината што ја лади и ја предава на околината, а топлинската пумпа одзема топлина од околината и ја предава на повисоко температурно ниво за греење.

Што е топлинска пумпа воздух-воздух ?

Без разлика дали го реновирате стариот дом или градите нов, топлотната пумпа воздух-воздух е едно од најдобрите решенија за вашите потреби за греење и ладење. Топлотните пумпи воздух-воздух лесно се инсталираат и се идеални за замена на старите електрични системи. Флексибилните единици го задоволуваат секое планирање и  со нивната енергетска ефикасност A+++ ги задоволуваат сите стандарди за „зелени“ објекти.

Топлинските пумпи ја извлекуваат топлината од надворешниот воздух, дури и при ниски надворешни температури. Тие користат електрично напојуван компресор и се исклучително ефикасни при загревање
стан или куќа.

Ефикасност

Греењето со топлинска пумпа е економично. Како на пример за потрошена енергија од 1kWh се добива топлинска енергија од 3kWh, бидејќи 2 kWh се одземени од околниот воздух. За споредба: кај електрична печка или греалка за да се добие топлинска енергија од 3 kWh треба да се потроши 3kWh електрична енергија, значи трипати повеќе. Ефикасноста на топлинската пумпа се оценува со грејниот фактор (СОР) кој претставува однос на топлината што ја дава топлинската пумпа за греење и потрошената електрична енергија.

Едно од решенијата кои ние ги нудиме се топлинските пумпи на брендот Daikin

Топлинските пумпи на Daikin се исклучително тивки при работа и користат најсовремена технологија за да ги задржите вашите сметки за енергија што е можно пониски.  Со Даикин топлинската пумпа, 80% од енергијата што се користи за загревање на вашиот дом доаѓа од надворешниот воздух, бесплатен и бесконечно обновлив ресурс! За ладење, системот е обратен, се извлекува топлина од воздухот во затворените простории.

RXB-C

Карактеристики:

  • Надворешните единици на Daikin се опремени со антикорозивен разменувач на топлина кој обезбедува поголема отпорност на најтешките временски услови
  • Имаат широк спектар на единици кои нудат максимален потенцијал за примена
  • Надворешните единици на Daikin се квалитетни, цврсти и лесно можат да се монтираат на покрив или тераса или едноставно да се постават на надворешен ѕид

Специјална понуда

Dankin инвертер RXB-C 3,5KW моќност по цена од 37.500 ден*

*Акцијата се однесува на ограничени количини и трае до исцрпување на залихите