Топлинските пумпи претставуваат едно од нај економичните решенија за греење и ладење на простории. Ги има во различни изведби, многу едноставни и евтини, но и посложени кои со текот на користењето се поисплатливи. За да донесе правилна одлука дали и каков тип на топлинска пумпа да избере влијаат повеќе фактори.
Што е топлинска пумпа
По дефиниција топлинска пумпа е уред кој одзема топлина од една средина, најчесто од околината (воздух, вода, земја), и ја предава на средина со повисоко температурно ниво (за греење). Принципот на работа на топлинската пумпа е ист како и кај ладилните и клима уредите, но нејзината примарна цел е греење. Топлинската пумпа ги има истите компоненти како и ладилен или клима уред. Разликата е во работните(температурните) услови. Ладилниот уред одзема топлина од средината што ја лади и ја предава на околината, а топлинската пумпа одзема топлина од околината и ја предава на повисоко температурно ниво за греење.
Ефикасност
Греењето со топлинска пумпа е економично. Како на пример за потрошена енергија од 1kWh се добива топлинска енергија од 3kWh, бидејќи 2 kWh се одземени од околниот воздух. За споредба: кај електрична печка или греалка за да се добие топлинска енергија од 3 kWh треба да се потроши 3kWh електрична енергија, значи трипати повеќе. Ефикасноста на топлинската пумпа се оценува со грејниот фактор (СОР) кој претставува однос на топлината што ја дава топлинската пумпа за греење и потрошената електрична енергија.
Избор на топлинска пумпа
Изборот на топлинска пумпа која одговара на индивидуалните потреби е процес кој треба внимстелно да се изведе со цел да се разгледаат сите фактори кои би влијаеле на типот и капацитетот кој е потребен за греење на просторот.
Еден од брендовите кои ние го препорачуваме е Ariston. Станува збор за италијански бренд со долгогодишна традиција кој нуди уреди со одличен квалитет по прифатливи цени.
Моделите и техничките карактеристики се достапни на следниот линк:
Типови на топлински пумпи
Топлинска пумпа воздух-воздух
Топлинската пумпа воздух-воздух одзема топлина од околниот (надворешниот) воздух и ја предава во просторијата која се грее. Всушност сите индивидуални клима уреди (моноблок и сплит системи) што денес го произведуваат режимот на греење се топлински пумпи воздух-воздух.
Топлинска пумпа вода-вода
Кај оваа топлинска пумпа се одзема топлина од вода (или индиректно од земја) и се предава на вода за централно греење. Најчесто се прави и за ладење со реверзибилен циклус. Топлинските пумпи вода-вода имаат висок греен фактор(околу 4). Но нивната инсталација е многу скапа. Водата од која што се одзема топлина може да биде подземна (од дупнатина), од река, езеро. Отпадна или во затворен круг циркулирајќи во цевки во земја. Подземната вода и водата со цевки под земја во затворен круг одземаат топлина од земјата, затоа овие топлински пумпи се нарекуваат геотермални.
Топлинска пумпа воздух-вода
Топлинските пумпи воздух-вода се вистински избор за систем за греење и ладење на домаќинствата или деловните простории.
Тука се одзема топлината од надворешниот воздух, која на повисоко температурно ниво на кондензаторот се предава на вода за греење најчесто на режим 40/450С. Всушност ова е чилер со воздушно ладен кондензатор кој може да работи како топлинска пумпа воздух-вода со реверзибилен циклус. Денес сите производители ги нудат чилерите со два режима: ладење и греење како опција.
Со овој тип на систем се решава потребата за санитарна топла вода и топла вода за греење на просоторот.
Приказ на систем: Воздух – Вода
Тимот на Јоки има долгогодишно искуство со системи за греење и ладење
Консултирајте се со нашите експерти на: 02 2581 800 | info@joki.mk