Панелни радијатори

Панелните радијатори се највградувани при изградба и инсталацијата на греење заради нивната прифатлива цена и широк спектар на големини.

Тие се произведени со еден, два или три панели, плус додадени конвектори за поефикасно пренесување на топлина. Радијаторите се изработени од валани челични лимови со облоги против корозија кои го штитат материјалот и обезбедуваат подолг век на траење.

Најкористени кај нас се радијаторите од типот 22, изработени од два панели со два реда ребра. Значи, добивате значително поголема топлинска моќност од радијатор со исти димензии како еден панел.

Тимот на ЈОКИ ги препорачува радијаторите од ТИП 22 од брендот ECA

Главни карактеристики на панелните радијатори од ТИП 22 од брендот ECA

  • 8 различни висини: 300-400-500-550-600-700-800-900 мм
  • Должини од 400 mm до 3000 mm
  • Висока ефикасност,
  • изработен согласно стандардот EN 442
  • Совршена отпорност на корозија со нано-керамички површински слој

Техничка спецификација: