Енергетската ефикасност е збир на планирани и спроведени мерки со цел користење на минималната можна количина на енергија без да се наруши нивото на удобност.
Едноставно кажано, енергетска ефикасност значи да се користи помалку енергија за да се заврши истата работа (греење на просторот или ладење , осветлување, производство на разни производи, возење возило , итн.).
Терминот енергетска ефикасност се однесува на ефикасна употреба на енергија во сите сектори на финална потрошувачка на енергија: индустрија , транспорт , услуги, земјоделство и домаќинства .
Важно е да се нагласи дека енергетската ефикасност во никој случај не треба да се смета за заштеда на енергија. Поточно, заштедата секогаш подразбира одредени откажувања, додека ефикасната употреба на енергија никогаш не ги нарушува работните услови и животните услови.
Покрај тоа, подобрувањето на енергетската ефикасност не значи само спроведување на технички решенија. Секоја технологија и техничка опрема, без оглед колку е ефикасна, не може сама по себе да донесе резулати доколку притоа не се имплементира во рамки на оптимално решение од страна на содветно образовани луѓе.
Затоа, може да се каже дека енергетската ефикасност првенствено е прашање на свеста на луѓето и нивната волја да ги променат воспоставените навики кон повеќе енергетски ефикасни решенија отколку што станува збор за сложени технички решенија.