И оваа година општина Илинден објави Јавен повик за субвенции за купување на инвертер клими или соларни панели. Јавниот повик е според Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.

Услови што треба да ги исполни барателот

Право на учество на јавниот повик за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клима односно соларен панел има секој граѓанин со постојано место на живеење во Општина Илинден кој ќе купи инвертер клима или соларен панел сметано од денот на објавување на јавниот повик година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

Услов за учество на Јавниот повик е барателот и членовите на неговото потесно семејство со иста адреса на живеење да немаат искористено субвенција за набавка на инвертер клима уреди односно соларен панел од претходен јавен повик спроведен од Општина Илинден.

Начин на пријавување на Јавниот повик и потребна документација

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Илинден;
  • да има набавено инвертер клима или соларен панел сметано од денот на објавување на јавниот повик до 25.06.2024 година односно до исцрпување на буџетот наменет за јавниот повик;
  • инвертер клима уредот односно соларниот панел да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
  • само едно лице од едно семејство може да поднесе барање за добивање на надоместок;

Како се аплицира за субвенции?

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели