Клима уредите станаа составен дел од нашиот живот без кој не можеме и не сакаме да ги замислиме летните месеци.

Дали знаете што да барате при изборот на клима уред?

Покрај тоа што треба да се издвојат одредена сума на пари за добра клима, тоа одредува и колку ќе ни биде удобно дома или на работа. Секој што ќе реши да купи клима уред, сигурно мисли дека добива ефикасен уред кој е лесен за ракување, но тоа не е секогаш случај. Се случува клима уредите да се погрешно поставени, па да им се намалува ефикасноста што доведува до пократок животен век. Исто така, сето тоа може да доведе до други проблеми како што се слаба циркулација на воздухот, проблеми со влажноста во климатизираната просторија итн. Генерално, ова ја нарушува првичната намена на клима уредот, а тоа е удобноста на живеење во просторијата. Едноставно, клима уредите станаа неопходни не само за ладење туку и за дополнителните опции кои ги имаат, а кои влијаат на секојдневниот живот, го одржуваат воздухот свеж и чист, имаат можност да се запалат непосредно пред нашето пристигнување итн.

 

Дали е време за нов клима уред?

Вредноста на клима уредите зависи од повеќе фактори, енергетска ефикасност, цена, моќност, а нивниот рок на траење е околу петнаесет години. Треба да обрнете внимание на знаците кои би можеле да укажат дека ви треба нов уред. Бидејќи развојот на технологијата не запира и на тој начин обезбедува нови и поприфатливи решенија со поголема ефикасност. Ако вашата клима е постара од десет години размислете дали е подобро да купите нова наместо да ја поправате старата.

 

При изборот на нов клима уред, посебно внимание треба да се посвети на овие 3 работи:

 

  1. Моќ на клима уредот

Една од најчестите грешки што ги прават клиентите е купувањето единици кои се или преголеми или премали за нивните простори ефикасно да го ладат или загреваат домот. Клима уредите доаѓаат во различни капацитети. Доколку клима уредот не е доволно јак, троши повеќе струја и се “бори” да обезбеди ладење на просторот. Ако е премногу силен, ќе платите повеќе за нешто што дури и не ви треба, помал модел би бил енергетски поефикасен. Значи, треба да најдете рамнотежа и да видите каква големина на простор сакате да климатизирате.

  1. Потрошувачка

Ова е многу важна ставка од која зависи купувањето на нов клима уред. Енергетската класа е многу важна ставка од која зависи потрошувачката на клима уредот.

 

  1. Дополнителни опции

Колку бучава произведува уредот? Генерално, климите од поновата генерација се исклучително тивки и не произведуваат никаков шум. Тоа веќе не се оние стари бучни уреди до кои не може да се работи. Некои многу добри модели на клима уреди имаат речиси бесшумна внатрешна единица. Во однос на здравјето, клима уредите имаат филтри кои го прочистуваат воздухот и со соодветно одржување можат многу да го подобрат квалитетот на воздухот и да им помогнат на луѓето со респираторни проблеми. Има филтри за да не се исфрлаат бактериите, габите, мувлата, поленот и прочистениот воздух во просторијата. Некои уреди имаат и јонизатори кои ги неутрализираат негативните ефекти на магнетното и електричното зрачење. Поновите климатизери се опремени со сензори за движење, програмирање на временските услови, можности за брзо ладење и греење, а сето тоа се дополнителни опции кои ја покачуваат