Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување субвенции за купување инвертер клима уреди во 2021 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.
На повикот може да аплицираат лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2021 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај). Повикот ќе биде отворен до 01.11.2021 година или денот на исцрпување на средствата.
На граѓаните ќе им бидат надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ, а може да аплицираат на https://aplikacii.skopjelab.mk/inverteri доколку апликантот претходно не добил субвенции за затоплување со печки на пелети или инвертери).

Треба да ги доставите следните документи:

-Важечка лична карта;
– Нотарски заверена изјава дека доброволно ја предава печката која ја користи;
– Потврда за ефикасноста на инвертер клима уредот;
– Трансакциска сметка;
– Фискална сметка или потврда за купувањето;
– За одделни домаќинства на иста адреса потребни се сметки од различни броила за електрична енергија;
– За домаќинства кои се во реони на централно градско греење потребна е потврда дека не се приклучени и немаат техничка можност за приклучок;
*документите треба да бидат скенирани
Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на следниот ЛИНК

Дополнително:

Информирајте се како правилно да изберете клима уред: https://joki.mk/kako-da-izberam-klima-ured/