Општина Гази Баба со цел да ги стимулира жителите за примена на почисто гориво и квалитетни печки за затоплување на своите домови, на 16.03.2022 година објави Јавен повик за субвенционирање на жителите кои ќе купат печки на пелети од 01.01.2022 година па се до денот на завршување на Јавниот повик односно до трошење на предвидените финансиски средства за 2022 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба (домаќинствата), кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своите домови (станбен објект) од 01.01.2022 година па се до исцрпување на финансиските средства (1.500.000,00 денари) од Буџетот на Општина Гази Баба предвидени за оваа намена и ќе поднесат барање за надоместок на дел од трошоците за набавка на печки на пелети. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинства) кои имаат станбен објект со приклучок на централно градско греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинства) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.
• да е жител на Општина Гази Баба;
• да нема добиено финансиски средства за набавка на печка на пелети од било кој друг извор во Република Северна Македонија;
• до поднесување на барањето да е корисник на печка на дрва, јаглен, нафта;
• новата печка на пелети да е купена од 01.01.2022 година и таа да биде инсталирана на адресата наведена во личната карта на барателот;станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
• да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што е инсталирана печката на пелети, без оглед на тоа дали се користи;
• да има платено данок на имот за станбениот објект каде е инсталирана печката на пелети, заклучно со 2021 година; • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок;
Ги повикуваме граѓаните да аплицираат, а повикот ќе се реализира по принципот прв дојден – прв услужен.
На линкот можете да ги најдете условите и потребните документи за аплицирање.