Новата генерација на електрични уреди на Vaillant за централно греење eloBLOCK овозможува модерен начин на загревање на станови и семејни куќи преку грејни елементи (радијатори).
Работата на овие уреди е целосно автоматизирана и речиси тивка. Уредите се целосно опремени
со сите работни и безбедносни елементи. Секвенцијалното палење на грејните спирали ги спречува
несаканите импулси во електричната мрежа кога уредот се вклучува/исклучува.
Бидејќи се работи за струја, работата на овие уреди е целосно еколошка, не е потребен оџак, а може
да се инсталираат и во најмали простории бидејќи не користат воздух за согорување. Во споредба
со претходната генерација, новата генерација има електронска табла со eBUS комуникација, па
сега е можно да се комбинира со сите eBUS собни термостати кои ќе го контролираат системот за
греење во зависност од надворешната температура. Исто така, преку eBUS комуникација, ќе биде
многу полесно да се поврзе новата генерација на eloBLOCK со комплексни системи за греење како
поддршка или дополнителна опција за греење.
За работа на уредот неопходно е трифазно поврзување со струја, освен за моделите од 6 и
9 kW, каде што е можно да се изврши еднофазно поврзување со соодветниот дел од електричните
кабли. За уште поголема удобност, уредот може да се комбинира со индиректно загреан резервоар
од 120 литри користејќи го оригиналниот сет за хидраулично поврзување.