Греењето на струја е еден од начините за постигнување на одлично греење без зависност од дополнителни енергенси. Комфорот и удобноста се главните предности. За да се постигне поеднакво загревање на просториите потребно е да се избере квалитетен котел.

Современите електрични котели за топловодно греење имаат опција за поврзување и сетирање на режимот на работа преку вашиот смартфон.

Еден е производите кои ги предлагаме е ѕидниот котел eloBLOCK од германскиот производител Vaillant.

Овој котел овозможува висок комфор и сигурност на вашето греење. Сè што е потребно е електрична енергија за снабдување на вашите радијатори, подно греење и загревање на топла вода за во домаќинството.

Само го поставувате греењето на вашата посакувана температура. Интегрираната високо ефикасна пумпа овозможува топлината да се дистрибуира брзо и рамномерно во сите простории. Системот детектира дури и мали температурни разлики и ќе ги компензира автоматски пред да го забележите.

Достапност на топла вода како што сакате

eloBLOCK ви овозможува да го комбинирате со бојлер за топла вода. Во зависност од бројот на луѓе и употребата на топла вода, инженерот за инсталација ќе ви препорача соодветна големина.

Подигнете го нивото на удобност со паметна контрола

Ако го комбинирате eloBLOCK со контрола како vSMART, можете да пристапите до вашето греење од било каде со вашиот паметен телефон.

Потпрете се на квалитетот, не грижете се за одржување

eloBLOCK е составен од долготрајни материјали кои обезбедуваат сигурна работа. Бидејќи нема согорување на гориво, одржувањето ќе биде без никаков напор.

Совршена интеграција во постојните системи за греење и можност за користење како “резервно“ решение

Дури и доколку веќе имате систем за греење на пелети, нафта или гас – во некои случаи е потребно да имате backup варијанта со цел да се избегне прекин во греењето или да се постигне посакуваната температура.

Спецификација:

eloBLOCK
Излезна моќност • 6kW – 9kW – 12kW – 14 kW – 18kW (се препорачува за добро изолирани куќи од приближно
80m²-150m² ) 

• 21kW -24kW – 28kW (се препорачува за куќи со површина 150m²-180m²)

Електричен напон 3x230V / 400V + N + PE, 50 Hz
ErP рејтинг на ефикасност за централно греење (A ++ до G) D
Големина (ШxВxД) 410х740х310
Тежина (без пакување) помеѓу 23,7 кг и 27,4 кг во зависност од моделот
Заштита од мраз Заштитен од замрзнување. Ако температурата падне под 8 ° C, заштитата од мраз осигурува дека пумпата на eloBLOCK ќе започне да работи.

 

Тимот на Јоки Ви стои на располагање за сите прашања во врска со изборот на систем за греење и ладење.

Контактитајте не на: 02 2581 800 |  info@joki.mk