Субвенции за сончеви колектори

Со цел стимулирање на користењето на сончевата енергија во Република Северна Македонија, на купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во виснина:

– до 30% но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, и

-до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година за категоријата на лица со ниски примања

Кои документи се потребни:

  1. пополнет образец за барање
  2. доказ во оригинал дека е извршено купувањето на сончеви термални колекторски системи, и тоа:
  • фискална сметка (со датум од денот на објавување на јавниот оглас до 31.05.2021 година)

или

  • фактура со извод од деловна банка или уплатница (со датум од денот на објавување на јавниот оглас до 31.05.2021 година)
  1. изјава заверена на нотар со датум од денот на објавување на јавниот оглас до 31.05.2021 година (образец на изјавата)
  2. фотокопија од лична карта на барателот и
  3. податоци за трансакциската сметка на барателот.

За категоријата лица со ниски примања потребни се дополнителни документи кои се наведени во објавата

Каде се доставуваат документите:

Купувачот на печка на пелети во домаќинството, барањето за искористување на правото на надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15 по пошта, или во архивата на министерството, секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот.

На пликот треба да стои: ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 2021 ГОДИНА, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ. За датум на пристигање на барањето се смета датумот на пристигнување и заведување во евиденцијата на архивата на Министерството за економија најдоцна до 15:30 часот, истиот работен ден.

Каде да побарам понуда за сончеви колектори?

Со оглед на тоа што праграмата се спроведува на принцип “прв дојден прв услужен“ важно е што побрзо да го набавите системот.

Повеќе информации за нашта понуда се достапни на следниот линк: https://joki.mk/portfolio/solarni-sistemi/

Тимот на Јоки има долгогодишно искуство со инсталација на соларни системи

Консултирајте се со нашите експерти на: 02 2581 800 |  info@joki.mk