
Субвенции за печки на пелети
Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите кои ќе купат печки на пелети, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина:
- до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, и
- до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година за категоријата на лица со ниски примања
Кои документи се потребни:
- пополнет образец за барање
- доказ во оригинал дека е извршено купувањето на печки на пелети, и тоа:
- фискална сметка (со датум од 1 јануари 2021 година до 31.05.2021 година)
или
- фактура со извод од деловна банка или уплатница (со датум од 1 јануари 2021 година до 31.05.2021 година)
3.изјава заверена на нотар од денот на објавување на Јавниот оглас до 31.05.2021 година (образец за изјавата)
4. фотокопија од лична карта на барателот и
5. податоци за трансакциската сметка на барателот.
За категоријата лица со ниски примања потребни се дополнителни документи кои се наведени во објавата
Каде се доставуваат документите:
Купувачот на печка на пелети во домаќинството, барањето за искористување на правото на надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во ЗАТВОРЕН ПЛИК до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр.15 по пошта, или во архивата на министерството, секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот.
На пликот треба да стои: ЈАВЕН ОГЛАС ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 2021 ГОДИНА, ИМЕ И ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА БАРАТЕЛОТ. За датум на пристигање на барањето се смета датумот на пристигнување и заведување во евиденцијата на архивата на Министерството за економија најдоцна до 15:30 часот, истиот работен ден.
Каде да побарам понуда за печка на пелети од залиха:
Со оглед на тоа што праграмата се спроведува на принцип “прв дојден прв услужен“ важно е што побрзо да набавите печка на пелети.
Тимот на Јоки има долгогодишно искуство со инсталација на системи за греење
Консултирајте се со нашите експерти на: 02 2581 800 | info@joki.mk
Повеќе информации за нашата понуда се достапни на: https://joki.mk/kotli-i-kamini-na-peleti/