За пријатен престој во бањата, најважно е да биде топло и суво, а тоа може да се постигне само доколку имате греење во бањата.

Иако можеби мислите дека подот и плочките се главните виновници што вашата бања е ладна, знајте дека не мора секогаш да биде така.

Видови на греење

Подно греење во бањата

Подното греење е еден од начините да се инсталира греење во вашата бања. Најважната предност на подното греење е рамномерното загревање на просторијата, бидејќи за време на инсталацијата, целиот систем за греење се става под плочките. Или топла вода или електрична енергија се користат за загревање на подовите, со што се создава ефект на топли подови.

Во однос на инвестициските трошоци, инсталацијата на подно греење може да се исплати при реновирање или градење на нова бања, а не како воведување на дополнително греење.

 

Радијатори за бања

Ако немате греење во вашиот дом, едно од решенијата може да бидат радијатори на плочи, шини за пешкири или грејачи.

Радијаторите се најчестите грејни тела во домаќинствата и бањите. Постојат специјални модели на радијатори за бања, кои се дизајнирани и произведени за вакви простории. Таквите радијатори се инсталираат како ѕидни радијатори и можат да бидат од класична форма или како сушари за пешкири.

Како оптимално и проверено решение ние ги предлагаме регистрите од чешкиот бренд Тhermal-trend. Истите имаат одлични карактеристики и долг век на коритење.