Иако до пред 20-тина години беа малку познати, денес пелетите од дрво се еден од главните извори на обновлива енергија. Од 2005 до 2010 година потрошувачката на пелети во Европа е скоро тројно зголемена на 10 милиони тони, а проекциите за 2020 година предвидуваат зголемување и до 100 милиони тони.

Кои се главните придобивки доколку изберете греење на пелети?

  1. Економичност и висок квалитет на загревање на просторот
  2. Удобност – Автоматска регулација на системот на греење, од палење до согорување, па се до гасење на системите
  3. Релативно евтина почетна инвестиција споредено со топлински пумпи или подно греење
  4. Заштеда на време и труд во однос на греење на дрва

Дополнителни придобивки:

  • заштита на животната средина – далеку помали емисии на CO2 во однос на греењето на екстра лесното масло за домаќинство или дрвата

Со енергетска густина од околу 4,8 kWh / kg (17.000 kJ / kg), два тона пелети одговараат на околу 1.000 литри масло за греење.

Директната термичка конверзија на пелетите има степен на ефикасност од приближно 80%.

Печките на пелети имаат исклучително ниски емисии на честички поради нивната висока ефикасност на согорување и густината на горивото. Секој тон пелети што се користат наспроти екстра лесното масло за домаќинство ги намалува емисиите на СО2 за околу 1,5 тони.

Како се добиваат пелетите и дали содржат хемикалии?

Самите пелети се добиваат со компресирање на дрвениот материјал кој што претходно минал низ процесите на дробење и мелење. Истите се еколошки бидејќи при нивното производство нема адитиви – се сврзуваат преку зголемување на температурата на дрвото предизвикана од високиот притисок на пресата. Со тоа лигнинот содржан во дрвото се топи и формира природен “ лепак “ кој што ги оформува.

Какви котли/камини постојат?

Постојат 2 типа на грејни тела на палети:

  • Грејни тела наменети за централно топловодно греење
  • Грејни тела без можност за централно топловодно греење, односно камини кои дуваат топол воздух во просторијата

Како правилно да изберам систем за греење на пелети?

Изборот на вистинското грејно тело зависи од повеќе фактори. Треба во предвид да се земе објектот каде истото ќе се монтира заедно со сите негови карактеристики. Потоа треба да се изготви пресметка и да се утврди колкава моќност би ги задоволила енергетските побарувања на самиот објект. Со оглед на тоа дека станува збор за важна инвестиција најдобро е проценката да ја направи инженер за греење и ладење кој преку земање во обзир на сите параметри ќе може да процени кои системи се потребни и како најефикасно да се постават со цел да се воспостави функционален и ефикасен систем.

Јоки ви нуди бесплатна консултација со нашите инженери кои ќе ви помогнат во изборот на ефикасно решение за греење и ладење.

Испрати барање или контактирај не.